Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Скопје отворен Музејот-работилница за оружје од времето на НОВ

0
By Нова ТВ on January 4, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска ја отвори постојаната поставка „Хероите на градот на Вардар“ во целосно реновираната прва партизанска оружарница во Скопје во Меморијалниот музеј кој се наоѓа на левиот брег на реката Вардар, на кеј „Димитар Влахов“, зад Археолошкиот музеј на Македонија.

Во услови на окупација и полициски режим, во непосредна близина на кејот и зградата на Митрополијата, на улица „Пајкова“ број 2, формирана е првата илегална работилница во градот. Задачата околу формирањето и организирањето на работилницата им била доверена на Илија Јакимовски Илчо, Роберт Гајдик и Бранислав Шикиќ, а тие, задачата му ја довериле на електромеханичарот Серафим Видовски кој имал работилница во дворот на својата куќа. Оваа скромна работилница  прераснала  во јадро на создавање  на новата историја на градот и еден од симболите за отпорот на населението  против окупаторот и неговиот терор.

Оваа куќа и скромна работилница го дочекала ослободувањето на Македонија и опстојала сe до 1965 година,  но со  новиот урбанистички план и изградбата на Стопанската банка во комплексот на културните институции, куќата и работилницата биле урнати.  Овој објект во 1981 година  е пренаменет во Меморијалниот музеј на илегалните работилници за изработка на оружје во Скопје за време на НОВ (1941-1944), и како нем потсетник за хероите и борците коишто пожртвувано се бореле и вршеле диверзантски акции врз надмоќниот фашистички окупатор за да ја ослободат нашата  татковина.

– На 13 Ноември минатата година, на денот на ослободувањето на градот, Ви најавив дека многу скоро повторно ќе го отвориме овој музеј кој неправедно беше затворен долги години заради реновирање. Согласно со историското редефинирање на градот кое го спроведуваше поранешната власт, антифашистичката и современа историја на Скопје беше намерно фрлана на маргините, а со тоа и спомениците, бистите и спомен-плочите посветени на народно-ослободителната војна беа намерно запуштени и неодржани. Со отворањето на Меморијалниот музеј на илегалните работилници за  изработка на оружје во Скопје за време на НОВ го започнуваме спротивниот процес. Историјата на антифашистичко Скопје, на партизаните, на диверзантските групи, на првиот скопски партизански одред, повторно ќе биде дел од градските културни политики, одбележувања и останати содржини. Некогаш познатата, а сега заборавена, илегална партизанска оружарница од денеска е повторно достапна за граѓаните, како вредно културно и историско наследство од современата македонска историја. Ќе биде отворена секој работен ден со дежурен кустос и ќе биде полна со ученици од Скопје. Но, исто така,  треба да стави уште една содржина на туристичката мапа на градот –истакна градоначалникот Шилегов.

Исто така, тој  нагласи дека повторното отворање на Музејот симболично се случува на ден, кога пред точно 75 години, по долго физичко измачување во „Обласната полициска управа во Скопје“ и без судски процес, убиени биле народните херои Страшо Пинџур и Мирче Ацев.

– Во овие простории била сместена работилницата на Серафим Видовски и била опремена со најнеопходниот електро-механичарски рачен и статичен алат. За време  на окупацијата, тука е формирана првата илегална работилница за оружје во градот која работела од почетокот на август до 4 декември 1941 година. Во целосно зачуваната тајна работилница е сместена новата изменета и надополнета поставка,  со нови содржини кои ги пренесуваат фактите за едно историско време особено значајно за историјата на градот Скопје – изјави Шилегов на отворањето на поставката.

Оваа илегална работилницата била мошне скромно опремена со зарѓани делови на оружје: револвери, пушки, шмајзери и слично, но во неа се изработувале и  боеви средства како конструкции на рачни бомби, пеколна машина, нагазни мини за железница и друго, коишто „громогласните“ херои ги користеле во своите диверзантски акции.

Со новата изменета и надополнета поставка, чиј автор е Зоја Богдановска, виш кустос историчар, и изложувањето на деведесетина зачувани музејски експонати се будат сеќавањата за илегалната работилница што се користела за изработка на оружје за партизанските одреди со времето на Втората светска војна.

Музејот ќе биде отворен за посетители од 10 до 18 часот секој работен ден, а влезот е бесплатен.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.