Каква е врската меѓу уметноста и политиката, како да се се еманципираат? Кои се главните актуелни процеси што се случуваат во моментов?
Како Марина Гржиниќ, врвна словенечка теоретичарка и филозоф и Дмитри Виленски, член на рускиот колектив „Што да се прави („Что делат“), една од најпознатите уметнички групи во светот кои се занимаваат со политика, уметност и активизам, видоа и разбраа што се случува во Македонија во сферата на политичкото и естетското?
Од 5 до 7 март, Контрапункт организираше предавања на Сузана Милевска, Марина Гржиниќ и Дмитри Виленски, под заеднички наслов „Еманципација на отпорот, создавање на заедничко знаење наспроти поделеноста“.