Радомир Благојевиќ лице на 52 години осуден е денеска во Вишиот суд во Белград на казна доживотен затвор бидејќи на 13 јули 2020 година во Сурчин ја полил со бензин и жива ја запалил сопствената жена, Зорица Калиниќ по што таа починала.
Ова е трета изречена казна доживотен затвор во Србија откако е воведена во српскиот правен систем во 2019 година.
На Благојевиќ му бил продолжен притворот до упатување во затвор за отслужување на казната.