Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Србија од полноќ нови цени на патарините, од Прешево до Суботица за 2.690 динари (23 евра)

0
By Marija Todorovska on July 9, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Белград: Возењето по автопатиштата во Србија од среда, 10 јули, поскапува за околу 10 отсто. Попусти и натаму ќе имаат корисниците на електронската наплата од шест отсто, како и камионите со мотори „евро 6“ од 10 отсто, јави дописникот на МИА од Белград.

За македонските возачи од категоријата на автомобили најскапа патарината ќе биде на наплатните станици од Прешево до Суботица која ќе чини 2.690 динари или 23 евра. Од Прешево до Белград патарината ќе изнесува 1.890 динари или 16 евра, а од Прешево до наплатната станица Шид и хрватската граница 2.390 динари или 20 евра во еден правец.

Од останатите патарини од Белград до Шид ќе чини 500 динари, од Обреновац до Прељина 560 динари, од Белград до Суботица 800 динари, од Белград до Ниш 1.130 динари, од Белград до Димитровград 1.670 динари.

Во зависност од категоријата, патарината од Белград до Рума ќе изнесува 200 динари, до Сремска Митровица 270 динари, за Инџија 710 динари, и за Нови Сад 490 динари.

Поскапена е патарината и на автопатот „Милош Велики“, па од Белград, односно од Обреновац, каде има наплатна рампа, до Чачак ќе чини 560 динари.

Попусти ќе продолжат да остваруваат корисниците на електронска наплата т.е. таг од 6 отсто, како и камионите со мотори „ЕУРО 6“ од 10 отсто.

Министерот за транспорт, градежништво и инфраструктура Горан Весиќ изјави дека српскиот таг сè уште може да се користи само во Северна Македонија и Црна Гора и обратно.

-Во моментов имаме 66.000 корисници кои го имаат тој Отворен Балкан таг и сигурен сум дека ќе има уште многу такви тагови кога ќе се заврши интеграцијата со Грција, бидејќи голем број српски автомобили влегуваат во Грција, понекогаш и околу 10.000 дневно, тоа е многу важно да се направи, а сигурен сум дека кога ќе создадеме нова компанија за патарини, ќе имаме напредок и во тоа, рече Весиќ на РТС.

Тој очекува меѓу 48 и 50 милијарди динари од наплата на патарина во Србија оваа година, а до 75-80 милијарди во следните две години.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.