Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Стразбур усвоен извештај за Северна Македонија за зајакнување на системот за борба против перење пари

0
By Marta Pesevska on May 24, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Делегацијата на Република Северна Македонија на 65. Пленарен состанок на Moneyval што се одржува во Советот на Европа во Стразбур/Фото: Министерство за финансии
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Република Северна Македонија континуирано го надградува и развива системот за спречување на перење пари и финансирање тероризам преку имплементација на меѓународните стандарди и презема голем број иницијативи за нивно побрзо и поефикасно спроведување како стратешка цел. На тој пат значајна е улогата на Комитетот на Moneyval, што придонесува за создавање поефективен систем.

Ова, како што соопшти Министерството за финансии, го истакнал заменик-министерот за финансии Филип Николоски, кој ја предводи делегацијата на Република Северна Македонија на 65. Пленарен состанок на Moneyval што се одржува во Советот на Европа во Стразбур, а на кој се усвоил Нацрт – изештајот за евалуација на земјава за системот за борба против перење пари и борба против финансирање тероризам.

-Ги цениме напорите на Moneyval во деталната проценка на нашиот систем и препорачаните активности кои се во насока на надградување на домашниот систем за борба против перење пари и борба против финансирање тероризам, рекол заменик-министерот за финансии.

Тој ја истакнал важноста и значењето на овој состанокот и се заблагодарил на поддршката и посветеноста на Moneyval Комитетот во текот на целиот процес на оценување. Извештајот, како што потенцирал, ќе биде патоказ за зајакнување на системот во иднина.

Членството на Република Северна Македонија во Moneyval претставува можност на земјата да ги следи промените во меѓународното законодавство во областа на спречување перење пари и финансисрање тероризам и имплементација во домашното законодавство, создавање мерки за соодетни одговори на новите трендови и облици на перење пари и финансирање тероризам, како и воспоставување ефективни механизми за национална и меѓународна соработка помеѓу надлежните домашни и странски органи со цел да се спречи перењето пари и финансирањето тероризам како криминална појава што ја поткопува стабилноста на финансискиот систем.

За ефикасно справување со оваа појава, се наведува во соопштението, значајна е улогата и зајакнување на капацитетите на институциите вклучени во нејзиното спречување и особено на Управата за борба против перење пари и финансирање тероризам со цел препознавање и ефикасно дејствување. За таа цел во Управата е имплементирана современа платформа наменета за субјекти што применуваат мерки и дејствија за спречување перење пари и финансирање тероризам.

Усвојувањето на Нацрт-извештајот за евалуација на Република Северна Македонија за системот, е заокружување на процес што е започнат во декември 2021 година. Ова е петтиот круг на евалуација на системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам на нашата држава, со кој се оценува техничката усогласеност со препораките на ФАТФ, односно нашата правна и институционална рамка и ефикасноста на системот преку имплеменатција на законските надлежности и постигнатите резултати.

Moneyval Комитетот на експерти за евалуација на мерките за спречување на перење пари и финансирање на тероризам е мониторинг тело на Советот на Европа со 47 земји-членки, кoјшто поднесува извештаи директно до својот главен орган, Комитетот на министри на Советот на Европа.

Задачата на Moneyval е да ја процени усогласеноста на земјите членки со меѓународните стандарди за борба против перењето пари и финансирањето на тероризмот и ефективноста на нивното спроведување, како и да дава препораки до националните власти во однос на неопходните подобрувања на нивните системи.

На Пленарниот состанок во Стразбур  учествуваат претставници од релевантните институции од земјава вклучени во процесот, и тоа: Управа за финансиско разузнавање, Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Министерство за внатрешни работи, Народна Банка, Комисија за хартии од вредност, Агенција за супервизија на осигурување и Централен Регистар, стои во соопштението.

Пленарен состанок на Moneyval што се одржува во Советот на Европа во Стразбур
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.