Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Струмица „Ченчери“ менуваат евра на улица повеќе од 30 години

0
By Томе Христов on November 29, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Струмица, од двете страни на булеварот „Гоце Делчев“, како што поминуваат годините се менува ликот на улицата, се менуваат и сопствениците на дуќани, сепак една работа е иста.

Се уште и после 30 години можат да се забележат улични дилери на девизи или познати меѓу народот како „ченчери“. Во денешно време кога токму на таа улица има неколку менувачници, тие се уште оперираат со девизи.

На почетокот од осумдесеттите години од минатиот век кога почнале биле најбројни, за денеска да останат околу дваесеттина, раскажува за НОВА поранешен „ченчер“, кој вели дека најмногу работа имало во летниот период кога доаѓале на одмор странците или како што ги викаат „нашите гастербајтери“.

„Ние не сме лихвари, не даваме пари на позајмица, туку само менуваме девизи. Кога работев кон крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години не имаше најмногу, можеби бевме околу педесетина „ченчери“. Тогаш се заработуваше убаво, но во исто време не бркаше и полицијата и моравме да се снаоѓаме како знаеме и умееме“, изјави нашиот соговорник кој сакаше да остане анонимен.

Денеска работат околу дваесеттина, но слободно шетаат и оперираат по улицата бидејќи нема никакви контроли. По неколку обиди да добиеме одговор од страна на полицијата, дали се тие надлежни и дали досега има некаква постапка, одговор не добивме. Извори за НОВА потврдија дека веќе неколку години не ги брка никој од улица.

Прашавме и во Управата за јавни приходи од каде што добивме ист одговор. Не биле надлежни ниту тие. Од менувачниците во Струмица велат дека се против „ченчерите“, но и дека не можат да сторат ништо околу тоа прашање.

„За нас би било подобро да ги нема по улиците, зошто многу често луѓето, најчесто странци во летниот период, застануваат на улица и менуваат девизи. Порано ги бркаше полицијата, а сега во таква ситуација мораме да бараме начин и некаква соработка со нив за и ние да имаме некаков профит. Ние плаќаме придонеси, тие работат нелегално, а никој не ги брка“, изјави за НОВА сопственик на струмичка менувачница.

Првите „ченчери“ во Струмица се појавија во текот на осумдесеттите години од минатиот век, а како што велат најбројни биле на почетокот на деведесеттите, кога и заработката била најголема. Освен во Струмица, по некој „ченчер“ денеска можело да се сретне и во Охрид, велат за НОВА струмичките „ченчери“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.