Воооружени полицајци заедно со инспектори вршеле упад синоќа околу 02:00 часот по полноќ во ноќни барови во Струмица, велат за НОВА група тинејџери.
Момче кое присуствувало во моментот кога влегле полицајците во ноќниот бар „Платинум“ изјави:
-Бев изненаден кога видов вооружени полицајци внатре, па моравме да го напуштиме барот.
Иста била ситуацијата и во ноќниот клуб „Селект“, во кој бил и прекинат настапот на Саша Ковачевиќ.
Неофицијално, инспектори вршеле контрола за точење алкохол на малолетни лица, за пушење во затворени простории и за неиздавање фискални сметки.
Денеска ноќниот клуб „Селект“ продолжи да работи, додека „Платинум“ остана затворен.