Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во светот на самоизмамата

0
By Marija Todorovska on February 20, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јас мислам дека некои од наведените клинички и експериментални случаи на самоизмама во еден или друг облик се присутни кај сите луѓе, но кај голем број да не речам кај мнозинството Македонци.

Бранко Тричковски

Во експериментите на општествената психолигија, луѓето редовно ги преценуваат своите способности, чесноста, великодушноста и самостојноста. Го преценуваат сопствениот придонес во заедничкиот проект, сопствените успеси ги препишуваат на знаењето, а неуспесите на лошата среќа и секогаш имаат чувство дека во компромисот другата страна поминала подобро. Тие убави оценки луѓето ги задржуваат дури и тогаш кога се споени на машина за која веруваат дека е прецизен детектор на лагите. Тоа покажува дека тие всушност не го лажат експериментаторот, туку себе.

Веќе со децении секој студент на психологија учи за “редукција на когнитивната дисонанца”, кога луѓето го менуваат секое уверување кое треба да се промени за да ја задржат позитивната слика за себе.

Самоизмамата е еден од најдлабоките корени на човековата радост и страдање. Таа имплицира дека способностите кои би требале да ни овозможат да ги помириме меѓусебните разлики- да ја бараме вистината и рационално за неа да расправаме- се погрешно баждарени, така што секоја заинтересирана страна самата себе се доживува како попаметна, поспособна и поблагородна отколку што тоа навистина е. Секој учесник во некое несогласување може искрено да верува дека логиката и доказите му одат во прилог и дека противникот е тој што е или во заблуда или е нечесен или и во заблуда и е нечесен.

Самоизмамата е една од причините што чувството за морал може, парадиксално, да нанесе повеќе штета отколку корист и тоа е сериозна човечка несреќа.

Имаме и други, уште посериозни аспекти на самоизмамата кои се резултаг на невролошките оштетувања. Во тие случаи здравите делови на мозокот се впуштаат во фантастични конфабулации за да ги објаснат слабостите на оштетените делови и за да можат целата личност да ја претстават како способен и разумен фактор.

Пациентот кој не го препознава лицето на својата сопруга, но знае дека таа жена изгледа и се однесува исто како неговата сопруга, може да заклучи дека некој натрапник со фантастични моќи живее во неговата куќа.

А кога на пациентот кој верува дека е дома му го покажете болничкиот лифт, тој би можел лефтерно да каже:”Да знаете само колку не чинеше ова да го инсталираме.”Или, земете го примерот на американскиот судија на Врховниот суд, Вилијам О. Даглас, кој откако доживеал мозочен удар поради кој едната страна од телото му останала неподвижна и морал да одтане во инвалидска количка, ги повикал новинарите на планинарење и рекол дека сака да стане член на фудбалската екипа на Вашингтон Редскинс. Наскоро морал да поднесе оставка откако одбил да признае дека има проблеми со расудувањето.

Јас мислам дека некои од наведените клинички и експериментални случаи на самоизмама во еден или друг облик се присутни кај сите луѓе, но кај голем број да не речам кај мнозинството Македонци проблемите на самоизмамата се речиси како во случајот со американскиот судија или како со пациентот кој тврдел дека болничкиот лифт е во неговата куќа и дека за неговото инсталирање ги потрошил сите пари од патните и дневните трошоци што ги наплатил од Собранието на Нордот кога бил пратеник.

Измамата и самоизмамата со приказната со уставните промени, со разговорите што ќе се водат со новата бугарска влада, оптимизмот што го шири радоста на Агелер од третата посета на Мицкоски на САД, надежите во Трамп, надежите дека Масковата служба за ефикасност на владата ќе ја инсталираме во Македонија и на тој начин ќе го решиме проблемот на хохштаплерите и лудаците кои работат во неа, идеите за враќање на името, за растурање на Охридскиот и Преспанскиот и Бугарскиот договор, со се Преговарачката рамка, идејата за чирубу-чириба намалување на цените, тралалајките дека веќе сега сме петта или трета земја во Европа по пораст на к…т во ерекција, надежите дека промените на грбот, химната, знамето и табаните можат да не однесат во нова галаксија, победата на некое момче во литературниот натпревар над Достоевски, се се тоа резултат на психичките оштетувања што се случија во интензивното медиумско-партиско миење на мозоците на луѓето со солната киселина на декинструкцијата, а во некои случаи се резултат и на невролошки оштетувања.

Како можеме да излеземе и дали воопшти можеме да излеземе од ваквата состојба.

Не знам.

Односно не сум сигурен.

Но, ако постои некаква шанса таа мора да се појави како резултат на шок, овие проблеми не се решаваат “с перо по г’з” како што викаше татко ми, и како што сега се надеваат во опозицијата.

Бранко Тричковски измама самоизмама
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.