Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во текот на ноќта регистрирани 22 земјотреси во Санторини, сите со јачина од над четири степени

0
By Marija Todorovska on February 6, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во периодот од 1 часот по полноќ, заклучно со 9 часот утрово во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос беа регистрирани 22 земјотреси со јачина од над четири степени, согласно достапните податоци од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.

Доколку се направи анализа на официјалните податоци, од овие 22 земјотреси, 15 биле регистрирани во период од нешто повеќе од еден час, односно меѓу 4.24 и 5.36 часот утрово, а седум од земјотресите биле регистрирани за половина час.

Во однос на синоќешниот земјотрес од 5,2 степени регистриран кусо по 21 часот, грчките сеизмолози се претпазливи во прогнозите дали станува збор за главниот земјотрес.

Сеизмологот Герасимос Пападопулос, на социјалните мрежи коментираше дека земјотресот ја потврди неговата процена од изминатиот период дека „се наоѓаме во предземјотресна серија“.

Големото прашање сега е: дали ова беше главниот земјотрес? Работиме интензивно и можеби ќе одговориме во текот на денот. Трпение!, напиша сеизмологот.

Директорот на Геодинамичкиот институт Василис Карастатис за државната телевизија ЕРТ, утрово рече дека сеизмичката активност продолжува со истото темпо како и претходните денови, интензивна е и со прилично висок број на земјотреси со јачина над четири степени, а оној од 5,2 степени, „суштински не ја менува целокупната слика“.

Сè уште не сме во позиција да кажеме дека гледаме некаков податок што би довел до тоа дека серијата полека да се комплетира. Сè уште сме на средината на патот. Немаме видено никакво разретчување, некој знак дека се движи кон повлекување, истакна директорот на Геодинамичкиот институт.

Според податоците од Интердисциплинарен комитет за управување со опасности и кризи при Атинскиот Универзитет од 26 јануари до 3 февруари, во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос имало над 6.400 земјотреси од кои 800 биле со јачина над 2,5 степени.

Претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП) Ефтимиос Лекас на вчерашната информативна прес-конференција во Министерството за цивилна заштита и климатски кризи предупреди за опасност од лизгање на земјиштето на Санторини поради зголемената сеизмичка активност на островот.

Додаде дека ја мапирале опасноста од лизгање на земјиштето и врз основа на овие податоци пет области со висок ризик: пристаништето и патната мрежа од пристаништето, делови од Иа (Армени и Амуди) старото пристаниште и жичарницата и населбата Корфу.

Според процените во Грција, во изминатите денови островот го напуштиле над 10.000 лица, а пред сè станува збор за работници кои на Санторини се во пресрет на новата туристичка сезона, но и локално население.

земојотреси Санторини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.