Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во тунелот кај Штрпци, источно од рајот

0
By Marija Todorovska on June 17, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ 

Кога се објави веста дека еден хрватски автор на овогодинешниот Кански фестивал освоил Златна палма во категорија на куси играни дела, верувам мал дел од читателската публика може да ја поврзе веста за наградата со значењето на содржината на делото.

По ужасите од воените случувања поврзани со распадот на Југославија, во основа – братоубиствени, кога тие по низа интервенции на меѓународната јавност требаше да бидат „закопани“ низ некои мировни договори, едно од мракобесијата опишани во делото на Слијепчевиќ одново нѐ враќа на отсуството на поуката, пред сѐ, онаму каде што тие нечовечности од најтежок вид и се случувале. И опоменуваат дека организираните целини, државите преку своите раководства се подготвени за нови крвави репринти. И тоа во отсуство на луѓе кои како главниот херој од хрватскиот филм – Томо Бузов ќе вреснат во знак на отпор. Како да нема такви поединци! Нивниот пример впрочем не се ни споменуваше минатите триесет години а плочата пред неговата зграда во Нов Белград неколку пати е оштетувана! Истата инаку е подигната само од неговите соседи во зградата во која тој живеел а сега таму стануваат неговата сопруга и синот.

ТУНЕЛ Во станицата во Штрпце се влегува преку еден тунел, ама некогаш се влегува и во непланирано нов!

Уште постоеле луѓе со јасни морални принципи и храброст

Да поедноставиме – „Човекот кој не сакаше да молчи“ говори за трагичната смрт на капетан од прва класа на ЈНА во пензија кој се спротивставил на селектирањето на патниците од патничкиот воз Белград – Бар, наслутувајќи дека во тие околности се готви најлошото: убиство на невините патници муслимани од страна на очевидно неофицијалната толпа на злосторници. Неговиот јасен, недвосмислен отпор кон тој чин се издвојува како осамен восклик, кој немал поддршка во повеќето стотини патници во возот кои молкум го гледале првиот чин на линчот, но и укажал дека сѐ уште постојат луѓе со јасни принципи и храброст да се заштити она што останало во тој миг од некогашниот морал во земјата во која тој самиот израснал, но се изнедриле и сите оние сопатници кои молкум го гледале изнесувањето на 20 лица од возот и нивното носење кон губилиштето. (За тоа ексклузивно сведочи синот на Бузов за белградски НИН.)

Главниот лик во филмот останал сирак во време кога неговиот татко, Хрват, одбил да се придружи на усташите, па бил убиен! ЈНА после војната му дала образование и работа, а тој за себе го присвоил она што во тој миг му изгледало најубаво од таа стварност. Проценил дека нема никаква потреба да ги одмерува своите етички креда со ерозијата на вредностите на општеството каде што работел и обликувал нови и нови генерации низ воената обука која ја спроведувал.

Она што е доловено во филмот е токму неговиот крик на станицата во Штрпци, инаку едно од ретките места на пругата Белград – Бар која со само неколку километри должина навлегува на територијата на БиХ, подрачје подложно на черечење на тогашните постсоцијалистички сатрапи. На станицата се влегува после еден долг тунел, а всушност се влегува во еден тунел од друг вид!

Време – 27 февруари 1993 година, „жртвите биле муслимани, дури не и по своето презиме, доволно било името (кажува една темелно направена сторија на Би-Би-Си. На пример,  синдикалецот Мњемовиќ, вработен во железница, отишол во Белград да ги извади синдикалните пари од Дафимент банка (типична „финансиска организација“ на транзицијата) и се враќал назад во организацијата. Бил убиен од паравоената групација „Одмаздници“ бидејќи не бил „православен“, што тоа и да значи. А кога по 30 години судење неговата вдовица добила решение за пензија во него пишувало дека имал „повреда во обавување на работната должност“.

ФИКРЕТ МЕМОВИЌ Синдикалец од Железницата, патувал да подигне готовина од Белград. Колегите железничари молеле да не биде однесен бидејќи го знаеле, но им рекле – само ако некој од вас го замени!

Кога не си православец, што тоа и да значи

„Војниците ја однеле групата киднапирани до основното училиште во Прелово… ги натерале да влезат во училишната зграда, удирајќи ги со нозете, рацете и со кундаците од пушка. Таму членовите на групата продолжиле да ги тепаат по сите делови од телото повеќе од еден час, нанесувајќи им бројни физички повреди, се вели во обвинението на српското обвинителство за воени злосторства“, цитиран од текстот на Би-Би-Си. По тоа изживување врз жртвите, соблечени само по гаќи се стрелани, Двајца од нив, се цитира во образложението на пресудата, се обиделе да избегаат бегство, при што едниот е фатен и заклан! Телата се фрлени, однапред испланирано, во водите на блиското езеро. Имало предлог во истрагата езерото Перуќац да се исуши за да се најдат телата на загинатите, бидејќи, најдени се само телата од четворица убиени кога истото само малку пресушило. Барањето е одбиено.

Пресудата за учесниците во тој злостор е донесена пред сѐ по сведочењето на очевидците, дел од нив со статус на заштитени сведоци.

Организаторот на убиството Милан Лукиќ, подоцна со подигнат чин – командант на „Белите орли“ (!), секако одново паравоена единица, како и многу нацистички злосторници после Втората светска војна, бил во бегство и се криел во Аргентина. Уапсен е во 2005 година во центарот на Буенос Аирес, врз основа на налог издаден од Хашкиот трибунал, проследен преку Интерпол.

На Лукиќ му се судеше и во Србија и Црна Гора за киднапирање и убиство на група Бошњаци од Сјеверин. Пред Окружниот суд во Белград, кон средината на јули лани, во повтореното судење за овој случај, Лукиќ беше осуден на 20 години затвор. На бегалецот му се судеше и во Хаг, но не за злосторството за кое пишуваме сега туку за други, сторени на територијата на БиХ. Тој делувал практично во околината во која живеел.

Лукиќ (57) е роден во Фоча, во југоисточна Босна.  Својата „мисија“, како онаа на Ратко Младиќ и другите ја посветил на етничко чистење на прекудринска Србија, како што тој ја нарекува, за таа да биде приклучена на онаа Србија која беше замислена да се протега до Огулин на запад, како воена цел. Како што е наведено, од мај до јули 1992 година, Лукиќ и други поединци извршиле, планирале, поттикнувале, наредувале и на други начини помагале и поддржувале планирање, подготовка и извршување на злосторства против човештвото, односно истребување на значителен број цивили, Бошњаци, вклучувајќи жени, деца и постари лица. Злосторот направен во Штрпци и не е најголем по бројот на жртвите, бидејќи во неговата биографија има и настани во кои се јавуваат и по 70 жртви во еден ден, сите цивили! И тоа сите во околината на Вишеград. Се јавува и како основач на еден заробенички логор во близината на тој град што постоел две години, сѐ до 1994 година. Значи нема доволно пресуди, но ги има, иако од сите тие злосторници некои се извлекле. Дали е извлечена поуката? Секако.- не. За некои, тој сѐ уште е херој!

МИЛАН ЛУКИЌ Челник на бандата, побегнал по промените во Србија во Аргентина, како некогашните наци злосторници

Кога на злосторникот му се промовира книга за оправдување на пролеаната невина крв

Во веста за добиената Златна палма на Слијепчевиќ на едно место стои дека постои книга посветена на воениот злосторник. Српската радикална партија, на чиј лидер Војислав Шешељ му се суди за воени злосторства пред Трибуналот во Хаг, објави книга во 2011 година под наслов „Исповеди“, а истата имала промоција во црквата Свети Сава во Белград!

Јасен обид за омаловажување на хашкото правосудство токму низ случаите на Милан Лукиќ, кој инаку казната ја издржува во некој затвор во Летонија. Често е нарекуван чудовиште, па дури и поединци негови соборци (ова соборци треба да се сфати условно, тој не се соочил со борба со рамни на себе, убивал речиси исклучиво цивили). Мотивот на ова издаваштво беше да се преиспита пресудата, вели заменик претседателот на радикалите, Драган Тодоровиќ: „Дека оваа измама од страна на Хашкиот трибунал и тоа срамно убедување… не можат да бидат покриени со затвор…“

ДАРКО БУЗОВ Синот на убиениот Тома од филмот на Слијепчевиќ пред плочата за татко му подигната од состанарите, која е неколку пати уништувана

Зошто ова би се кажувало денес? Затоа што одеднаш се појави цел бран на извртување на историјата. Кого белграѓани по втор пат го изгласаа за градоначалник пред помалку од еден месец? Па гласаа за ватерполистот Александар Шапиќ кој го воскреснува Дража Михајловиќ, а сака гробот на Јосип Броз да го однесе од Белград во Кумровец! Па дали тоа гласачите кои го заокружиле неговото име, го прифаќаат тој негов антиисториски ретро поглед? И зошто претставниците на и онака разединетата опозиција не го искористија овој став на Шапиќ како мотив да инспирираат можеби побројни слободарски антифашисти да гласаат во градот кој се третираше како интелектуален центар во некогашната федерација, а кој трошеше 50 отсто од сите издадени тиражи на книги во СФРЈ? Очевидно статистиките на опозицијата, онаа белградската, во која влегоа и десни сили, не велат дека тоа би бил мудар потег! Си велат „да не ја чепкаме мечката“.

Библиската сторија за Каин и Авел само доживува репризи и ние живееме со низа денешни примери (па дури и низ неодамнешните избори во ЕУ, која формално се смета дека не е „источно од рајот“ или се доживува како рајска експликација во совремието) како силите на злото полека но упорно и дури рамнодушно се готват за некои маршеви.

Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА. Сите права се задржани.
воено злосторство Љубомир Костовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.