Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Унгарија откриен првиот гроб на Сулејман Величенствениот

0
By Нова ТВ on December 12, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На почетокот на декември една екипа историчари од Унгарија објави дека го открила споменикот направен по смртта на султанот Сулејман Величенствениот кој починал во 1566 година.

Султанот ја водел Османската империја во текот на 46 години што е најдолго владеење во отоманската империја.

“Султанот починал во својата 71 година во својот шатор во екот на кампањата против Австро-Унгарија. Неговото тело е погребано во Истамбул. Но Отоманците направиле и споменик на местото каде што тој починал на југот на денешна Унгарија”, пишува магазинот “Live Science”.

Трагата на тој споменик била загубена. Се претпоставува дека на тоа место можеби биле оставени срцето и некои други органи на султанот.

Кога починал, неговите советници сакале по секоја цена да избегнат празен простор во владеењето со империјата се додека неговиот син Селим Втори не го преземе престолот.

«Така, неговото тело било испратено во Истамбул, но неговата смрт била чувана како најстрога тајна во текот на 40 дена», објаснува Гухан Борекчи, историчар од истамбулскиот универзитет Шехир.

За да се сочува тајната, советниците од неговиот двор го фалсификувале неговиот потпис на официјалните документи. Еден од слугите на дворот бил преоблечен во облеката на Сулејман, а смртта на друг слуга била искористена за да може телото на султанот да биде тајно извадено од кампот во Унгарија во ковчег во кој всушност бил слугата.

Во текот на 450 години била изгубена секаква трага од овој споменик се до почетокот на овој месец кога една група унгарски историчари изјавија дека го нашле на југот на Унгарија блиску до полето каде што се одвивала последната битка на Сулејман Величенствениот.

Според Норберт Пап, археолог на унгарскиот универзитет во Печ, сите елементи укажуваат дека токму на тоа место се наоѓа загубениот гроб на Сулејман: “Но за да бидеме 100 отсто сигурни мораме да продолжиме со ископувања”, вели Пап чија што екипа ја открила локацијата уште во 2013 година но и требале три години за да открие точно каде се наоѓа гробот.

Она што ги навело историчарите да дојдат до ова откритие е стилот на градбите кои личат на мавзолејот на Сулејман во Истамбул и тие се свртени кон Мека.

Во текот на своите 46 години владеење со Отоманското царство Сулејман сакал да ја модернизира империјата.

Нему му се припишува отоманското законодавство во областа на образованието, економијата и судството. Неговиот законик го носи името Канун и според него било уредено отоманското општество во текот на повеќе векови. На запад тој се нарекува Величенствениот додека во Турција е познат како Закондавецот.

Сулејман бил и поет и мецена. Во негово време литературата, уметноста и архитектурата доживеале вистински процут и тој период се нарекува “златно доба” на империјата. Тој има започнато многу величествени градби во Истамбул а во текот на неговото владеење империјата доживеала силна експанзија кон Алжир на запад, кон Багдад на исток и кон Унгарија на север.


Рокселана

Сулејман и се спротивставил на отоманската традиција кога одлучил да се оженил за една од жените на неговиот харем, Рокселана. Во историјата се познати нејзините интриги во харемот и нејзиното влијание врз султанот. Некои историски податоци велат дека името на Рокселана е Александра Лисовска, ќерка на православен поп од Крим која била робинка во харемот на Сулејман пред да му стане жена. Сепак, нејзиното точно име не е познато со сигурност. Името Александра е можеби измислено од украински писатели од 19 век.

Популарната турска серија “Величенствениот” е приказна за животот на Сулејман.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
ФОКУС

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

ВЕСТИ November 5, 2025

Македонските властите продолжија да работат на патоказите за владеењето на правото, реформата на јавната администрација…

Зоран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.