По пристигнувањето во Скопје, каде беше дочекан со високи државно-воени почести, германскиот канцелар Олаф Шолц оствари тет-а-тет средба со премиерот Димитар Ковачевски , по што следеше средба на ниво на делегации.
Се очекува македонската европерспектива да е во центарот на дијалогот и особено надминувањето на спорот со Бугарија.
На прес конференцијата се очекуваат детали за разговараните теми.