НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вол со шарветка не се покрива

0
By Marija Todorovska on December 26, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Насловот е на еден мој сограѓанин со кој стоевме во ред да купиме она што од дома ни е порачано. На прашањето ќе помогне ли кошничката на Владата тој одговори: ооо, вол со шарвeтка (салфетка)се покрива ли? Како хор е гласното размислување на сите купувачи: „место да поефтинат потребните продукти поскапеа“.

Војо Маневски

Кошничката се отвори и граѓаните очекуваа цените да се намалат. Но, како и многу други добри намери и оваа се покажа тешко остварлива. Не затоа што Владата немаше добра намера да го заштити празничниот стандард или да не дозволи раст на инфлацијата, туку нема голем избор на ефективни мерки што ѝ се на располагање.

Насловот е на еден мој сограѓанин со кој стоевме во ред да купиме она што од дома ни е порачано. На прашањето ќе помогне ли кошничката на Владата тој одговори: ооо, вол со шарвeтка (салфетка)се покрива ли? Како хор е гласното размислување на сите купувачи: „место да поефтинат потребните продукти поскапеа“. Народот не го интересира дека сето тоа е последица на квалитетот на нашата економија која се заснова на потрошувачката, а не на поголемо производство. Со административни мерки тешко дека ќе се смени размислувањето на трговските синџири дека најважен е профитот. Забораваат дека слично размислуваа и работодавачите кога својот профит го засновуваа на ефтината работна сила. Сега нема ни ефтина ни доволно скапа работна сила. Падот на куповната моќ ќе доведе до полни рафтови, a нема кој да ја купи стоката. Ако Владата, за да го заштити стандардот и својата власт, посегне по зголемување на платите, тогаш инфлацијата ќе го обезвреди зголемувањето и пак ќе бидеме на исто рамниште, само броевите каде се опишува цената ќе бидат подолги. Потребно е зголемување на понудата. Со иста понуда, а со зголемена побарувачка цените ќе растат.

Проблемот е во целиот дух на нашето општество кое е веќе заболено од преокупацијата за делбата на општествениот колач, а не за неговиот раст. Резултатот е што потрошивме сѐ што изминатите генерации заработија, а сега ја трошиме иднината на нашите идни генерации. Постојаното задолжување е само избегнување на потребните реформи кои ако се одложат и одолжуваат ќе бидат само поскапи и поболни. Врежаното мислење кај граѓаните дека доколку не се краде и не се разнесува заедничкото богатство, би имале повисок стандард е последица на беспоштедната партиска борба за власт. Тоа е само делумно точно, а вистината е дека не произведуваме толку колку што трошиме, а далеку сме од нивото да имаме колку ни се потребите. Во опозиција не се избираат средства да се извалка противникот, а кога ќе се дојде до позиција се размислува само за опстанокот на власт зошто длабоките резови ќе донесат пад на популарноста и губење на позициите. Тоа е и одговорот за недонесување на некои закони со кои ќе се преиспитува потеклото на имотот на секој што исполнувал некаква власт. Не само донесувањето на такви закони, туку најважно е што тие треба да се спроведуваат. Штом политичарите се бранат со теми, врзани за некои колективни права, знајте дека се бранат себеси. Но тоа веќе на сите им е јасно само никако да се одлепиме од положбата на поданици наместо граѓани на државата и на општеството.

Време е да се почне смела дебата за она што мора да се направи. Потребно е да се вклучат сите интелектуални сили за да се најдат одржливи форми за реформите кои ни се нужни.

Она што стана јасно со оваа кошничка е дека не произведуваме доволно храна за потребите на населението. Вака ја увезуваме и инфлацијата на земјите од каде увезуваме храна. Системот на субвенции мора да се напушти и финансиската помош мора да оди кај оние производители кои се подготвени да внесат нова технологија во производството на храна. Мотика, срп, чекан или Змај комбајн и трактори од ИМТ веќе се поголеми растурачи на произведеното, отколку технолошка основа за производство на храна.

Овде мора да се води сметка и за иситнетиот земјишен посед и облиците на здружување на производителите на храна. Колку и да се помагаат со субвенции ситните производители тие нема да вложат средства во развој. Таквите средства се трошат за социјално преживување. Земјоделските факултети мора да излезат со знаење за нови сорти, употреба на нова технологија, а сето организациски поврзано со инвеститорите. Овде државата треба да има јасна даночна политика кон оние што инвестираат во производство на храна. Даночната политика мора да е добро осмислена и кон трговските синџири кои мора да се упатени кон откуп на домашното производство. Распродажбата на националното богатство од секаков вид мора да престане и тоа да биде основа за нов инвестициски циклус. Примери има и во европските држави каде увозот се условува со откупот на земјоделски призводи и нивниот извоз. Стандардот на граѓаните и самите тие се национално богатство кое не смее да се троши според размислувањето на моменталните политички сили. Некаква заедничка платфрма е нужна, а според степенот на нејзината реализација да ги избираме носителите на политичките функции.

Вложувањето во енергетката мора да се измени. Влијанието на трговците со енергенти и нивните профити веќе стануваат и безбедносно прашање. И овде распродажбата на националните ресурси станува веќе опасност, наместо да биде извор на средства од кои ќе се полни буџетот.

Доктор Кирил Миновски, поранешен министер за финансии, веќе објави некои од своите размислувања. Ќе се обидам да пренесам еден дел.

„Сегашниот модел на управување со јавните ресурси (земја, вода, воздух, ветер) е неодржлив. Наместо да ги даваме на приватните инвеститори за мал надоместок државата треба да стане партнер во енергетските капацитети – ветерни, соларни, електрани, хидроцентрали.

Овој пристап ќе овозможи дел од добивката на овие проекти да се насочува кон Фондот за пензиско осигурување. Наместо да се оптоварува Буџетот, Фондот ќе има стабилни извори за негово функционирање. Природните ресурси ќе бидат во функција на државата и сите граѓани.

Време е да се напушти праксата на служење на малкумина и да осигуриме дека природните ресурси ќе работат за доброто на сите“.

Инвестициите во образованието се најдобар влог во иднината. Место стихијни реформи во образованието, обременети со помалку важни теми поврзани со организацијата на образованието, мора да се предложат модели за поквалитетно основно образование. Посебно внимание мора да се води за воспитувањето на идните генерации. Доколку и тие ја прифатат сегашната состојба на искривени морални вредности уште сто патишта и фабрики да направиме нема да има општеството поголема корист. Децата мора да научат дека можат да го имаат само она што ќе го заработат. Државата е само хардвер кој го одржува добриот софтвер. Без добар софтвер хардверот е само електронска скаламерија од метал и жици.

Со стихијното одржување на ваквото високо образование кое се заснова на некои вредности од неправедната транзиција, штанцаме дипломи и работници за недоволно платените работни места за Европа. Кој вели дека секој факултет може да гради кадри кои ќе работат во државната администрација? Повикувањето на уставни начела за еднаква достапност за сите граѓани на работните места во државната управа е искористено од партиите за намалување и на капацитетот на администрацијата и на високото образование. Зошто некој би студирал на универзитет кој не образува добри кадри, ако со таквата диплома не може да биде конкурентен на пазарот? Еднаквоста не е изедначување на најдолното ниво, туку барање на заеднички горен просек кој ќе биде граница од која се исцртуваат добрите и одличните кадри од оние што не се потрудиле да ја совладаат добро наставната материја. Овде ни националната припадност не смее да биде изговор за слабата подготвеност на кадрите зошто така само се подига нивото на послушноста, а не се гради компетентноста. Инвестициите наместо во тротоари, патчиња, па дури и булевари е далеку понеприоритетно од инвестициите во образованието, во науката и истражувањето. Ако се спореди бројот на завршени средношколци и оние што се запишале на универзитет ќе се види сликата на инфлација на високото образование. Сите стануваат студенти. Дај боже сите тие наши деца да се способни да бидат факултетски образовани! За жал не е така. Доброто средно образование кое образува кадри кои се бараат на пазарот на труд е основата за развој на економијата. Германија со таков систем веќе над 150 години успева да ја држи својата економија на виско ниво. Има вакви примери колку сакате.

Овде се дел од размислувањата на професор Орце Симов кои се обидов да ги сублимирам од неколку негови ставови.

Ете како ја разбирам и задачата на новинарите. Како поттик за дебата на оние што имаат што да кажат и да предложат решенија. Не е дебатата меѓу „аналитичарите“ основа за градење на јавното мислење, туку знаењето на оние што имаат што да и понудат како решение на јавноста.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа 

Војо Маневски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.