Одронот кој вчера попладне падна на коловозот во близина на граничниот премин „Блаце“ сѐ уште не е целосно расчистен и возилата се пропуштаат наизменично во двата патни правци, информираат денеска од АМСМ.
Оттаму препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.