Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вознемирувачко видео: Силни докази за воени злосторства во Сирија

0
By Нова ТВ on January 21, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


(вознемирувачки снимки)

Тројца некогашни истражители за воени злосторства објавија извештаи со кои ја теретат сириската влада дека од почетокот на војната вршеле мачења и екзекутирале 11.000 затвореници.

Истражителите прегледале над илјада фотографии на мртви затвореници кои биле шверцувани од Сирија.

Најголем дел од нивниот извештај, долг 31 страница, се темели на материјали кој ги приложил пребеган некогашен полициски фотограф, познат под името Цезар. Тој прошверцувал околу 55.000 дигитални фотографии на кои се некои 11.000 убиени сириски затвореници.

Цезар рекол дека работата му била да ги фотографира телата, што овозможувало издавање на потврда за смртта и било доказ за извршената егзекуција. На семејството на убиениот би му било кажано дека причина за смртта е „срцев удар“ или “проблеми со дишењето“, посочуваат истражителите.

„Некогаш имаше по 50 тела за фотографирање, а за секое тело ми беа потребни 15 до 30 минути“, изјавил Цезар. Голем дел од убиените беа млади мажи, мноштвото многу слаби, телата на себе имаа траги на мачење, пишува Гардијан, кој со SNN прв дошол до извештајот. Се наведува дека на некои од жртвите им биле ископани очите, на други се гледаат траги на гушење или убивање со електрична струја.

Истражителите потпишани како Дезмонд де Силва, поранешен главен обвинител во судот на Сиера Леоне, Џефри Најс, некогашен главен обвинител во случајот на Слободан Милошевиќ и Дејвид Крејн поранешен обвинител во случајот со либискиот претседател Чарлс Тејлор во судот за Сиера Леоне.

Овие материјали ќе го зголемат притисокот врз сирискиот претседател Башар ал-Асад кого Вашингтон и ЕУ го обвинуваат за извршени воени злосторства против сопствениот народ, експертите наведуваат дека овие докази се подетални и побројни од било што друго коешто досега се појавило од војната во Сирија.

Стикот со прошверцуваните фотографии Цезар и го предал на својата врска во Сириското национално движење кое го поддржува Катар.

Извештајот се доставува во ОН, владите и организациите за човекови права, а објавувањето се случува непосредно пред почетокот на Женева 2, мировната конференција за Сирија која утре почнува во Швајцарија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.