Воено и политички, продолжувањето на политиката со други средства за Путин е целосно фијаско во секој поглед и, едноставно, Москва сега се наоѓа во многу деликатна ситуација, каде ќе биде уметност да се најде излезно решение од војната без да се предизвикаат поголеми политичко-општествени потреси во Русија.
Сеад Ризвановиќ
Четири години од почетокот на војната во Украина или поточно на руската инвазија врз Украина, состојбата на воено и политичко ниво не е сменета веќе 3 година
Кога правиме проценка за тоа во каква воено-политичка состојба се двете директно инволвирани страни фактите се следните:
Пред почетокот на инвазијата Русија го контролираше Крим, како и делови од Донетск и Луханск со приближно 42.000 км2 или околу 7% од територијата на Украина
После навлегувањето на руските трупи во Украина, врвот на руската контрола изнесува околу 160.000 км2 или 27% од украинската територија.
Најголемата и најуспешна украинска контраофанзива истата година ослободи значителен дел од територијата и ја сведе руската контрола на 100.000 км2, или околу 19%.
Од 2022 до денешен ден 24.02.2026 за три и пол години Русија има освоено само уште 1% од територијата и сегашната руска контрола се проценува на околу 120.000%.
При тоа, тој еден процент е остварен со страшни жртви на руска страна, проценките се дека се работи за околу 250.000 загинати и 750.000 ранети војници. Независните проценки за украинските жртви се движат на околу 120.000 загинати и околу 400.000 ранети.
Соодносот на уништена техника е далеку поголем во негативна насока за руската страна, од повеќе причини: подобрата организација, подготвеност и координација на украинските вооружени сили, предноста на дефанзивната војна, инвентивноста и иницијативата во воведување на технолошките иновации, повисоката мотивација на бранителите на сопствената татковина и се разбира далеку поголемата употреба на оклопно-механизираните средства од страна на Русија која за Москва сепак не создаде предност туку поголем опсег на мети за украинските сили.
Непобитен факт е дека Путин не успеа да оствари ниту една од декларираните цели на тн. “Специјална воена операција”, која е всушност класична војна, или поточно убедливо најсмртоносната војна после 2-та Светска војна на планетата.
Русија денеска не контролира ниту една од 4-те области кои Москва формално ги анектира во сопствената територија. Имаме целосно потфрлање и на тн. демилитаризација и денацификација на Украина, бидејќи Зеленски е сеуште на власт а украинските вооружени сили се најголема европска армија во моментов.
Спречувањето на ширењето на НАТО целосно потфрли, бидејќи алијансата се прошири со две нови членки, Финска и Шведска, земји кои никогаш не ни сакале да станат членки
Едноставно воено и политички, продолжувањето на политиката со други средства за Путин е целосно фијаско во секој поглед и, едноставно, Москва сега се наоѓа во многу деликатна ситуација, каде ќе биде уметност да се најде излезно решение од војната без да се предизвикаат поголеми политичко-општествени потреси во Русија.
Некои го поставуваат и прашањето а што направи Украина? Разрушена, уништена, раселена?
Одговорот е следен: Украина го направи она што треба да го направи секоја држава и нација. Храбро се спротистави на далеку помоќниот агресор и, при тоа, одржа лекција за целиот свет како со крв се создава држава и нација која на крајот ќе излезе далеку посилна и помоќна. Нација која ќе знае како ја создала својата држава и нација која ќе знае како да ја сочува.
п.с.
Секоја сличност и алузија на други држави е намерна.
Од Фејсбук ѕидот на авторот




