Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вработените во реалниот сектор не веруваат дека минималецот ќе порасне освен ако Владата не субвенционира

0
By Biljana on February 2, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вработените во реалниот сектор се сомневаат дека има позитивна клима за зголемување на минималната плата, освен ако ваквиот процес не го субвенционира Владата како што беше во претходните три покачувања. 

Во услови на инфлација, енергетска криза, покачени сметки за струја и зголемени цени на прехранбени продукти, срамота е да зборуваме за минимална плата од 18.000 денари, вели Кристина Ампева од Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ – Штип.

Во изјава за НоваТВ Ампева вели оти огромно разочарување е што дијалогот за минимална плата се води помеѓу синдикатите и Владата без да бидат вклучени здруженијата кои ги штитат работничките права, оти тие први го поттикнале социјалниот дијалог околу минималецот уште во 2016 година. Ампева вели во 2022 година „не смее да си дозволиме да зборуваме за минимална плата, туку за плата достојна за живот“.

„Ние треба да зборуваме колку навистина му е потребно на едно четиричлено семејство да има пристоен живот, а не да мисли како ќе го помине месецот после 15-ти. Нашите калкулации кои ги правиме со европските партнери покажуваат дека на едно семејство за пристоен живот потребни му се најмалку 750 евра за да го помине месецот“, вели Ампева за НоваТВ.

Таа открива дека во услови на пандемија, кога работниците со минимална плата едвај преживуваат, со зголемените трошоци за живот и дополнителниот товар за лекување од корона вирусот ги принудува дури и да го кршат законот.

„За жал имаме работнички во текстилниот сектор кои се принудени заразени да одат на работа, во спротивно ќе земат намалени плати поради боледувањата. Исто така имаме работници кои за две недели боледување поради позитивен тест на Ковид-19, земале само 7000 денари месечна плата“, вели Ампева.

Ампева е децидна дека идејата за минимална плата од 18.000 денари за која „притискаат“синдикатите нема да помине бидејќи како што вели за такво нешто немало позитивна клима.

Работодавачите не прифаќаат минималец од 18.000 денари

„Во никој случај нема да прифатиме суми извадени од ракав“, вели во изјава за НоваТВ, претседателот на Организацијата на работодавачи, Ангел Димитров, во пресрет на попладневниот состанок на Економско-социјалниот совет во Владата на кој ќе се разговара за покачување на минималната плата.

Бизнис секторот смета дека евентуално покачување на минималецот треба да се донесе врз основа на утврдени критериуми и методологија за која ќе се согласат сите социјални партнери – синдикатот, работодавачите и работниците.

Димитров вели дека во услови на стопанисување во време на енергетска криза, минималната плата треба да се дефинира според критериумот 52 проценти од просечната плата или 60 отсто од медијалната.

„Се друго ќе биде голем товар за бизнис секторот, особено во трудо-интензивните дејности како што се текстилот, производство на кожа и чевли, па дури и во градежништвото и трговијата на мало, каде би имало најголем удар и најмногу отпуштања од работа“, вели Димитров за НоваТВ.

Алармира дека зголемувањето на минималната плата без согласност на сите инволвирани страни ќе донесе и негативни последици – зголемување на бројот на невработени лица, а со тоа зголемување на сиромаштијата, а паралелно со тоа и намалување на конкурентноста на македонските компании на странските пазари.

Димитров смета дека доколку минималната плата се утврдува според висината на потрошувачката кошничка, во тој случај треба да се користат релевантни податоци добиени од Државниот завод за статистика, а не пресметки кои ги прават Синдикатите.

Синдикатот се заканува со штрајк

Сојузот на синдикати на Македонија се закани со сеработнички штрајк ако денеска не биде постигнат договор за зголемување на минималецот на 18.000 денари.

Првиот човек на ССМ, Дарко Димовски, по завчерашната средба во Владата одрече оти биле разочарани од текот на разговорите, бидејќи не добиле конкретни рокови, туку само ветувања дека проблемот ќе се реши.

„Не сме задоволни од денешната средба во Владата, по основ на нашите барања, минимална плата од 18.000 денари и скалесто покачување на сите останати плати во државата, како и по однос на регрес за сите вработени во јавниот сектор“, рече Димовски.

Тој најави дека денешниот состанок на економско-социјалниот совет е последна шанса пред да го активираат штрајкот.

„Како Сојуз на синдикати не го прифаќаме зборот ‘Ќе’ туку ‘Кога и колку’. Затоа малку сум револтиран,  во среда е и последната шанса каде што ќе треба да ги договориме овие две прашања, доколку не биде договорено јавно кажувам, ги повикуваме работниците и македонскиот народ на штрајк“, вели Димовски и додава дека штрајкувачките одбори се веќе подготвени. Тој не ја исклучи можноста да изразат и други видови на незадоволство како што е протест, блокирање на сообраќајници, фабрики, институции итн.

Владата со позитивни сигнали за покачување на минималната плата

Премиерот Димитар Ковачевски при посетата на Прилеп во понеделникот, посочи дека зголемување на минималната плата ќе има, но оти тоа треба да се направи низ економско-социјален дијалог со сите засегнати страни и во консултација и со синдикатите и работодавачите.

„Тоа е прашање кое се решава низ економско-социјалниот дијалог. Минималната плата и нејзиното покакување од првичните 9000 денари колку што беше претходно, на 15 илјади денари колку што е сега, беше направено од СДСМ и Владата предводена од СДСМ. Така што и заложбата за зголемување на минималната плата на повисоко ниво е исто така заложба на оваа Влада“, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање.

Притоа, според премиерот, треба да се имаат предвид и ставовите и импутите и на синдикатите, но и работодавачите и на стопанските комори, бидејќи, како што нагласи, тоа е дел од еден економски систем.

„Штом ќе се направи таа методологија нормално заедно со сите засегнати и низ економско-социјалниот дијалог тогаш ќе го имаме финалното решение кое ќе биде презентирано пред сите, пред граѓаните и пред работниците“, рече премиерот Ковачевски.

Тој потсети дека нив ваков дијалог се дошло и до решение за недела неработен ден.

И Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека минималната плата ќе продолжи да расте и системското решение ќе дојде преку дијалог со сите засегнати страни, а решението кое би било предложено секако подразбира одржливост на подолг рок за пораст на минималната плата во согласност со порастот на трошоците на живот и растот на просечните плати.

Поддршка за донесување на Законот за минимална плата има и од помалите политички коалициони партнери во Собранието. Партиите ДОМ и Демократски сојуз веќе го поддржаа барањето на ССМ за покачување на минималната плата на 18.000 денари и најавија дека ќе гласаат за измените на Законот во Парламентот.

Состанокот на економско-социјалниот совет ќе се одржи денеска во 15 часот.

Минималецот законски се усогласува секој март

Исплатената висина на минималната плата во бруто износ за претходната година се усогласува во март секоја година и то според три критериуми:

– една третина од порастот на просечно исплатената плата во Република Македонија

– една третина од порастот на индексот на трошоците на живот

– една третина од реалниот пораст на бруто домашниот производ, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика.

Според најновите податоци на Државната статистика минималната синдикална кошничка во Северна Македонија изнесува 35.000 денари, а минималната плата 15.190 денари.

(Б.Божиновска)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.