Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Враќањето на самодовербата е услов за враќање на гордоста  

0
By Zoran Ivanov on October 25, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тегави Мицковски и се фаќа за сламка, само да добие некоја мала концесија од ЕУ со која тој ќе си го спаси образот и ќе покаже дека неговото ” Не под бугарски диктат” со кое победи на изборите, дало резултати.

Ѓорѓи Спасов

Сите потези на Мицковски и Силјановска да ја направат Македонија одново горда во надворешната политика се сведуваат на ” молење за било каква отстапка” од ЕУ, за тие да покажат дека биле успешни во исправањето на кичмата и спречувањето на “штетата од претходната власт”.

На тој пат прво објавија дека ќе се обидат да репреговараат со Бугарија ама бргу добија одговор дека за Бугарија разговорите се завршени.

Потоа рекоа дека ништо од тоа што сега го кажува Бугарија не важи бидејќи таму нема влада со политички легитимитет и такви изјави давале некои ” маргиналци”.

Од Бугарија им одговорија дека ништо нема да се смени во нивниот став и по изборот на било која влада.

Гордана Силјановска се обиде со некое трик решение, кое го нарече ” културна дипломатија” да покаже дека ги стоплила односите со Бугарија, фрлајќи им се пред камерите гордо во прегратките на Румен Радев и Јулијана Јотова.

Откако ја понижија, Николовски го обвини политичкиот врв на Бугарија за невоспитаност и нецивилизираност.

А откако Борисов побара тој да биде сменет од функцијата за такви изјави, ако сака Македонија да ги подобрува односите со Бугарија, Николовски му одговори во стилот ” кој е па тој да бара такво нешто” истовремено честејќи го навредите како криминалец, корумпиран политичар и слично.

А тој ” криминалец” по изборите во недела, има најголеми шанси да стане одново премиер на идната влада во Бугарија .И тука завршува еден дел од приказната.

Откако гордо се скаравме со Бугарија, Мицковски почна да го моли Брисел за разбирање.

Немал тој проблем со внесувањето на Бугарите во Уставот ама барем таа обврска што му ја наложила претходната влада да може да се реализира на крајот од процесот за зачленување во ЕУ. Ете таква формулација сме имале во Договорот со Грција. И тоа ќе било гаранција дека Бугарија не ќе можела веќе со било што да не уценува

Тегави Мицковски и се фаќа за сламка, само да добие некоја мала концесија од ЕУ со која тој ќе си го спаси образот и ќе покаже дека неговото ” Не под бугарски диктат” со кое победи на изборите, дало резултати.

Бара тој дома подршка за неговото тегавење, за политиката на “поправање на штетата од претходната власт” и не сака ниту да слушне дека за процесот на интегрирањето на Македонија во ЕУ да тече, потребно е да се прескокне оваа препрека само со јасно давање до знаење дека било какви други отстапки од наша страна во натамошниот процес на интегрирање во ЕУ би биле неприфативи.

А тоа само од нас зависи. И само за тоа му е потребно политичко единство во земјата и јасна стратегија.

За тоа не ни е потребна милост и помош од било кој, туку пред се самодоверба.Треба како лидер и премиер да веруваш дека еден горд народ како Македонскиот нема да дозволи други отстапки и дека нема потреба некој друг да му ја враќа гордоста и да ја прави Македонија повторно горда.

Таа ќе стане горда кога ќе стане членка на ЕУ без натамошни отстапки за кои гаранција може да бидиме само ние, и договорот меѓу сите политички партии.

Од Фејзбук ѕидот на авторот

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
ФОКУС

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

ВЕСТИ November 6, 2025

Претставнички од иницијативата „Сите за Палестина“ денес имаа средба со претседателката Гордана Силјановска Давкова, во…

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.