Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Време е за мразење на Албанците

0
By Биљана Секуловска on January 13, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Да се биде македонски патриот, пред се треба да се мрази се што не е македонско, затоа што тоа велат било божје, праисконско.

Не, поправете ме, не треба, туку мора да се мрази- албанскиот јазик, муслиманството секако, Албанците задолжително.

Зошто воопшто постојат, живеат, дишат воздух со Македонците, таа виша, ариевска раса, од кои амебите потекнуваат, а не обратно, никако обратно.

Да се мрази, да се презира, да се омаловажува, да се преколнува- се што не е македонско, тоа е најдобриот начин за да се преживее како патриот.

Ова не е земја на никој друг освен на патриотите, во неа само смеат да шепкаат останатите, на својот јазик, на мајчиниот јазик, особено Албанците, секако дека само Албанците.

Прашајте ги академиците, прашајте го славното МАНУ кое црташе карти и сакаше да менува територии со Албанија, тие се ќе ви објаснат, тие се знаат- како е да се мрази, затоа што само така може да се стане патриот, со титула, печат и своерачен потпис.

Нека се искине Законот за јазиците, нека се запали, нека не остане ништо, никаква трага дека тука некогаш, со децении, векови живееле и Албанци, дека се радувале, славеле, умирале, сме се закопувале сите заедно, како што сме се раѓале заедно. Нека ги нема нив, како да им се објасни дека само така може и нас да не снема. Не, не мислам на Македонците, дека нив ќе ги снема- она што ќе исчезне, тоа е човекот.

Да се биде патриот, тоа значи и да се мрази и понатаму, пошироко, подлабоко, се до провалијата, се до вечноста.

Да се биде уште поголем патриот, не е доволна само омразата кон Албанците, треба нешто и повеќе, како што му приличи на еден небесен народ.

Следна може да биде и Грција, одиме понатаму, патриотизмот не сака ограничувања, граници во таа битка со поинаквите од него, како што омразата не ги познава. Вистинскиот патриот тагува по референцата БЈРМ, потпишана со Привремената спогодба, затоа и се вика таа привремена, но нашиов патриот ништо од тоа не знае, освен дека мора да мрази.

Или земете ја Бугарија, таа исто така мора да се мрази, да се негува таа омраза, да не се потиснува, така само еден голем македонски патриот може да мисли дека живее, додека умира, малку по малку, педа по педа, засекогаш.

Мајката на омразата, тоа е патриотизмот за кој тие говорат, тогаш кога малите милошевиќи го имаат на ум големиот Милошевиќ, таткото на патриотизмот, богот на војните, Кралот на Сребреница, масакрите, ужасите, осакатените умови.

Ова се прекрасни денови за патриотизам, кому и фашизмот може да му позавиди.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.