Марина Тунева: Моја оценка е дека медиумите, зборувам за повлијателните редакции, генерално се држат до професионалните стандарди. Секако, одвреме, навреме, кај секој од нив може да се забележат и некои отстапувања како од некои професионални репери, така и од некои етички постулати. Ова посебно во време на избори кога медиумите се често под силни влијанија на одредени центри на моќ, пред сè, од страна на политичките партии. Линк