Како што најавуваат од Управата за хидрометереолошки работи викендов времето ќе биде облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На пооделни места се очекува да наврне над 20 литри на метар квадратен.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Сончевото зрачење нема да биде изразено и ќе изнесува УВ=5. Утринските температури ќе се движат од 8 степени на повисоките места, до 18 степени, а максималните до 25 степени.
И за текот на утрешниот ден се најавува слична прогноза со исклучок на малку повисоки температури.