Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Врховен суд одлучи: СЈО нема право да покренува нови истраги и обвиненија

0
By Соња Петрушевска on January 30, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Врховниот суд одлучи дека Специјалното јавно обвинителство повеќе не смее да води истраги и да покренува обвиненија, затоа што поминал рокот од 18 месеци откако ги добиле прислушуваните разговори.
Врховните судии одлучуваа по иницијатива на адвокатите Боро Тасевски и Еленко Миланов кои бараа од Судот да се произнесе до кога  СЈО може да покренува истраги.
„Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите од негова надлежност, како кумулативен услов, кој не може да биде пречекорен сметано од денот на прием на материјалите од неовластено следење на комуникации од член 2 од Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, и по истекот на тој рок од 18 месеци, не е овластен тужител за преземање на јавнообвинителски работи на предистражни и истражни дејствија, предвидени со Законот за кривичната постапка, се наведува во правното мислење објавено на веб страницата на Врховниот суд на РМ по одржаната општа седница.
Ова значи дека Врховниот суд одлучил дека СЈО имал рок да покренува истраги и обвиненија до јуни 2017 година, кога поминале 18 месеци  од денот кога беа предадени прислушуваните разговори во СЈО, односно од 30 декември 2015 година.

Адвокатите кои ја поднесоа ваквата иницијатива за НОВА изјавија дека „со одлуката на  Врховен се потврди тезата на одбраната дека не можат да покренуваат истраги, ниту можат да покренуваат обвиненија затоа што се поминати повеќе од 18 месеци од прибавувањето на незаконски прислушуваните разговори“.

Со ваквото мислење на Врховниот суд станува неизвесна завршницата на 18 слуачи кои СЈО ги покрена по јули 2017 година – меѓу кои се Талир за незаконското финансирање на ВМРО ДПМНЕ, „Империја“, „Попис“, „Лидери“,  „Пациент“ каде меѓу осомничените е Бујар Османи како поранешен министер за здравство, „Моќник“ против Антонио Милошоски, „Хармонија“ во која се опфатени  Никола Груевски, Миле Јанакиески и Стевчо Јакимовски.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.