НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Втор ден протести во државните институции: Растот на цените е аларм оти мора да се покачат и платите

0
By Biljana on April 8, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вработените во државната управа, министерствата, локалната самоуправа, правосудните органи, ФЗО, ПИОМ и други државни институции и денеска од 10 до 12 часот го прекинаа работниот процес и излегоа на мирен протест пред институциите каде што работат.

Од Синдикатот на УПОЗ велат дека податоците кои вчера ги објави Државниот завод за статистика се аларм дека решение за платите во аминистрацијата мора да се најде што поскоро.

„Гледаме дека инфлацијата веќе во големи проценти расте. Растат цените на основните производи за живот, расте млекото, растат јајцата, расте лебот, баш оние производи за коишто ние бараме плати да можеме да ги купиме и да ги однесеме дома. Не бараме плати за луксуз, не бараме плати за ништо друго, бараме плати за достоен живот“, порача претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски на вториот ден од предупредувачкиот протест и додаде дека се уште не добиле одговор од Владата за средба.

Тој оцени дека одзивот на вчерашниот протест бил задоволителен.

„Вработените зад мене две години земаат под минимална плата, не само 18.000, туку и кога беше минималната плата 15.194 добиваа 14.500 денари. Од Министерството за финансии велат ние гледаме дали некој ќе земе денар плус, ако зема плус ја прекинуваме платата, ако земат под минимална плата нас не ни е гајле. Законот за минимална плата важи за сите вработени во државата и не може да сепарираме приватен од јавен сектор. Кој ќе ја казни државата сега – инспекции ќе праќаме во приватниот сектор и ќе им даваме глоби на фирмите, а кој ќе ја казни државата. Државата пак си одлучува да не ги почитува законите што ги носи. Кажа и претседателот на ССМ вчера спремни се претставки до инспекторатите надлежни за таа проблематика – колку ќе успеат да ја казнат инспекторите државата ќе видиме“, порача Деаноски.

Во одговор на новинарско прашање тој појасни дека Законот за административни службеници не важи за вработените во Обвинителството и во судовите, туку важат Закон за јавна обвинителска служба и Закон за судска служба.

„Ако се измени Законот за административни службеници ќе добијат вработените, ако воопшто добијат корекција, во државната управа, односно во министерствата, агенциите и фондовите. По вокација сум правник и поранешен адвокат и не можам да разберам кога имате Закон за минимална плата зошто треба друг закон за да се добијат 18.000 денари минимална плата. Нема правна логика никаква. Не знам кој го советува премиерот и што прават министрите и раководителите на финансии. Има Закон за минимална плата кој важи за сите вработени во државата, без разлика дали се во јавниот или приватниот сектор и тој е јасен 18.000 нето плата. Сите луѓе требаше да добијат најмалку 18.000 денари плата, па потоа да се прават корекции“, посочи Деаноски и најави дека ќе преземат правни постапки против државата.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски порача дека денеска се разбудивме со нова минимална синдикална потрошувачка кошничка зголемена за 920 денари, која, како што рече, во моментов изнесува 36.687 денари, а во јануари беше 35.811 денари.

„Тоа јасно покажува дека е неопходно што побрзо да се случи линеарно зголемување на сите плати како што бараме ние од ССМ за да не биде обесправен ниту еден работник. И покрај што се ограничени маржите на основните производи, синдикалната потрошувачка кошничка со податоци издадени од Државниот завод за статистика ни кажува сосема спротивно. Инфлација има, но мора да му се помогне баш на работникот во оваа инфлаторна криза“, потенцира Димовски.

Изабела Илиева, претседател на Синдикалната организација при јавните обвинителства посочи дека ова е првпат после 20-тина години на вработените во јавните обвинителства на некој начин да им дојде преку глава за да мораат да излезат надвор и да побараат усогласување со минималната плата.

„Бараме да се почитуваат законите и да дојде до усогласување со 18-те илјади минимална плата. Ако немаме скалесто или барем линеарно усогласување од 2.806 денари ќе дојде до изедначување на примањата на сите вработени од чистачка до раководител што не е во ред. Тоа создава огромно незадоволство“, рече Илиева.

(Извор: МИА)

УПОЗ ЌЕ ПРОТЕСТИРА И ДЕНЕСКА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025
ФОКУС

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

ВЕСТИ August 17, 2025

По повод 18. август, Денот на Армијата, вечер, од 19:00 часот во касарната „Илинден“ ќе…

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.