Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Втор ден штрајк во училиштата и во градинките, СОНК и Владата на нова средба за договор

0
By Sashko on April 12, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Втор ден штрајк на вработените во основните и во средните училишта и во градинките во организација на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) кој бара зголемување на платите во дејностите образование и детска заштита. Најавена е нова средба меѓу претставници на Синдикатот и Владата во обид за изнаоѓање на решение и истата се очекува да се одржи денеска или најдоцна утре.

Министерствата за образование и наука и за труд и социјална политика соопштија дека социјалниот дијалог ќе продолжи, а синдикалниот лидер Јаким Неделков порача дека тој треба да биде „конструктивен и конкретен, а не пропаднат и бесцелен разговор“.

Неделков вчера соопшти дека освен градинки во некои општини, меѓу кои Карпош, Центар, Валандово, Гевгелија, вклученоста во штрајкот била масовна и со учество на 25.000 вработени. Мал бил бројот на ученици кои дошле на настава, а релативно мал бил и бројот на деца кои биле донесени во градинките каде што, како што рече, имало и посериозни притисоци за прекин на штрајкот. Некаде се инсистирало времето на штрајкување да биде осум часа, но, рече Неделков, вработените треба да бидат онолку колку што им се смените во училиштата.

„Пресреќни сме што немало никаков инцидент, ниту некое дете било оставено пред врата. Најважно е што пораката е пратена до надлежните и таа е многу јасна – огромно е незадоволството во градинките, основните и средните училишта кои имаат проблем со нивниот социјален статус. Расположени сме уште еднаш да ја претставиме тежината на нашите аргументи пред надлежните и да ги убедиме дека ова што го бараме е издржано и да најдеме заедничко решение“, рече Неделков.

Додаде дека чекаат да бидат повикани на средба што вчера во краток разговор ја најавил министерот за образование и наука, Јетон Шаќири кој, пак, вчера изјави дека го почитува синдикалното право на штрајк, но дека тој треба да биде последен чекор. Социјалниот дијалог со СОНК, рече Шаќири, ќе продолжи за да се најде решение.

„Во најбрз можен рок ќе повикам да најдеме заеднички договор за овие проблеми и наставата да продолжи. Мислам дека во текот на оваа недела ќе имаме состаноци и сакам разбирање, затоа што штрајкот требаше да биде последен чекор“, рече министерот при посетата на средно училиште „Владо Тасевски“.

Тој истакна дека СОНК со сите синдикати бил вклучен во преговорите за минималната плата и сите биле согласни дека ќе го почитуваат договорот за минимум шест месеци за усогласување на другите плати како што предвидува законот.

Шаќири рече и дека законите за основно и за средно образование не дозволуваат прекин на наставата, освен во вонредни ситуации и дека со одлуката за штрајк, се доаѓа во ситуација да се надоместат деновите од учебната година, бидејќи веќе беше одложен почетокот на второто полугодие поради состојбата со ковид-19.

„Владата се залага за просветните работници да земаат поголеми плати и тоа го имаме докажано: во 2018 година пет проценти повеќе, во 2019 година пет проценти повеќе, 2020 година десет проценти повеќе. Ако ги собереме кумулативно, тоа се 21 процент. Во 2020 година почна пандемијата, здравствената криза продолжи и со економска, но пак кажуваме дека ќе работиме на решавање на проблемите за наставниците да имаат повисоки плати“, изјави министерот за образование и наука.

И министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во телевизиско гостување вчера нагласи дека социјалниот дијалог продолжува и вети дека деновиве, заедно со претставниците на СОНК, ќе најдат решение што нема да биде на штета ниту на кадарот во градинките, ниту на родителите.

Во однос на платите на вработените во градинките, таа рече дека од 2017 година се бележи континуиран раст.

„Платата на воспитувач во 2017 година била 18.300 денари, платата во февруари оваа година е 26.574 денари. Просечната плата за негувател сега изнесува 19.560 денари, а во 2017 година била 14.493 денари. Ова покажува дека платата е покачена за околу 21 процент, а техничкиот персонал доби покачување со Законот за минимална плата и нема пониска плата од 18.000 денари“, рече Тренчевска.

Според вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, СОНК со генералниот штрајк не дал доволно шанса на преговорите.

„И покрај неколкуте обиди за преговори, сепак, повикаа на штрајк. Во Економско-социјалниот совет беа вклучени и СОНК и КСС, иако не се репрезентативни синдикати. На преговорите за минималната плата се договоривме дека усогласувањето ќе се врши во рок од шест месеци, но само три дена подоцна, тие, сепак, најавија дека на 11 април ќе има штрајк. Усогласување рековме дека ќе има, но притоа мора сите да сме свесни за состојбите во кои се наоѓаме“, рече Битиќи за „Утрински брифинг“.

СОНК го организира генералниот штрајк во училиштата и во градинките бидејќи не е исполнето нивното барање за веднаш да се зголемат платите на вработените во образованието и во градинките за 18,4 проценти, односно нивно усогласување со порастот на минималната плата која од овој месец е зголемена од 15.200 на 18.000 денари. Дополнително, СОНК бара минималната плата да биде основица со која ќе се множат коефициентите на сложеност на работни места.

Преговорите меѓу СОНК и Владата во изминатите две недели завршија без договор. По последната средба во минатиот понеделник, Неделков рече дека нема краткорочно решение со кое веднаш ќе се зголемат платите на дејностите што ги застапува Синдикатот и поради тоа вчера го активираше најавениот штрајк. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.