Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ и Орбан ја пуштија во сообраќај брзата пруга Белград-Нови Сад за само 33 минути

0
By Mirjana on March 19, 2022 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пругата Белград-Нови Сад, во рамки на меѓународната пруга Белград-Будимпешта, денес беше пуштена за сообраќај, а во првиот брз воз „Сокол“ на таа релација кој пристигна во Нови Сад за 33 минути, се наоѓаа српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан, јави дописникот на МИА од Белград.

Возот на оваа делница ќе сообраќа со максимална брзина од 200 километри на час, според возниот ред треба да сообраќа пет пати дневно, а цената на билетот во промотивниот период ќе биде 300 динари (2,5 евра) во еден правец.

Делницата меѓу Белград и Нови Сад од околу 75 километри е дел од идната брза пруга до Будимпешта, а таа е дел од кинеската глобална иницијатива „Појас и пат“ за инфраструктурни врски меѓу Европа и Азија. Кога ќе се заврши изградбата на оваа делница, до Будимпешта со воз ќе се патува за помалку од три часа. Проектот за модернизација на железницата се проценува на околу две милијарди, а започнат е во 2016 година на самитот на 16 земји од Централна и Источна Европа и Кина.

Во првиот брз воз беа и премиерката Ана Брнабиќ и владините министри, како и изведувачите – кинеските компании „China Railway International Company“ и „China Communications Construction Company“, како и руската железничка компанија „RZD International“ и српски фирми.

Вучиќ истакна дека отворањето на делот од брзата пруга е голема работа за двете земји.

– Секогаш можеме да сметаме на пријателството на Унгарија. Ова е одлична работа, за еден час и осум минути ќе бидеме во Суботица. Во Будимпешта ќе стигнеме за помалку од три часа. Тоа е голема работа за нашата економија. Многумина ќе дојдат од Будимпешта да го посетат Белград. Забележуваме раст на трговската размена, нагласи Вучиќ.

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан изјави дека сега може да се види, со оглед на моменталната ситуација во Украина, дека изградбата на оваа траса е правилен потег на унгарските и српските власти.

– Во нашите срца е војната што може да се види во историјата на унгарските граници, а тоа е најлошото сценарио и најдобрата војна е онаа што може да се избегне. Сега кога светот стана неизвесен, мораме повторно добро да размислиме за многу работи, Србите и Унгарците мора да ревидираат многу работи, изјави Орбан.

Договорениот рок за завршување на преостанатиот дел од работите на делницата Нови Сад – граница со Унгарија е до крајот на 2024 година, додека Унгарците треба да го завршат својот дел од брзата пруга од границата со Србија до Будимпешта кон средината на 2025 година.

Србија и Унгарија се поврзуваат со брз воз
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.