Имаме доволно докази добиени од разузнавачките органи за многу офанзивно делување против органите и институциите на Србија, ова денеска попладне во изјава за „Танјуг“ беше посочено од страна на Претседателот на Србија Александар Вучиќ како причина за повлекувањето на персоналот на амбасадата на Србија од Македонија.
Наше е луѓето да бидат подготвени. Ќе има одредени промени во персоналот за како да го заштитиме пријателството со Македонија, а и како да се однесуваме во новото опкружување. Има многу шпекулации, но сметам дека во наредните денови се ќе биде појасно, рече тој.
Изјава за новинската агенција „Танјуг“ беше дадена веднаш по средбата на Вучиќ со рускиот амбасадор во Србија Чепурин Александар Васиљевич. Дваjцата изразија задоволство од трговската размена помеѓу Србија и Руската федерација и најавија интезивирање на економската соработка и размената на капитал. Посебен акцент се стави на заедничките намери да формираат индустриска зона со цел привлекување на руски инвестиции.
Вчера вечер целиот персонал од Амбасадата на Србија во Скопје беше повлечен на, како што рекоа од српското МНР, итни консултации во Белград. Амбасадата во Скопје е празна, а ја обезбедува полиција.