Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ, Рама и Заев од Нови Сад: Доста чекавме некој да направи нешто за нас

0
By Нова ТВ on October 10, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерите на Северна Македонија и на Албанија Зоран Заев и Еди Рама денеска во Нови Сад усвоија декларација за соработка на три земји, но и останатите земји од Западниот Балкан, која се базира на 4 клучни слободи кои се меѓународно прифатени- слободен проток на стоки, капитал, услуги и луѓе. Конкретните мерки ќе бидат соопштени на следниот состанок на 10 ноември во Охрид.

-Целта е да се регулираат меѓусебните односи за поттикнување на растот во регионот, за намалување на невработеноста и заеднички да делуваме. Бариерите ќе ги отстрануваме со посебни кластери и ќе обезбедиме дестпати побрз премин на границата на стоките и луѓето, додека за капиталот ќе биде потребно подолго време, но и тоа ќе го направиме, рече Вучиќ на чија иницијатива се одржа денешната средба.

Една од мерките според Вучиќ е да се изедначат прописите околу субвенциите и околу се друго за да се подобри сликата за инвеститорите, односно со заеднички настап и под исти услови да го направат регионот атрактивен за инвестирање, а тоа би значело и подобар животен стандард за граѓаните.

-Ние постојано чекаме некој да ни каже што да чекаме. Сите сме на европскиот пат, но мора нешто сами да направиме, да ги преземеме работите во свои раце, рече Вучиќ.

Премиерот на Албанија Еди Рама рече дека земјите од регионот веќе нема да чекаат некој нешто да им обезбеди, туку самите ќе се заложат за тоа и во таа насока го гледа и денешниот состанок, птсетувајќи дека се уште се чекаат резултати од договореното на состанкот на Берлинскиот процес во Трст пред две години.

-Ова не е состанок кој се случи ненадејно и би сакал да појаснам дека нема за цел никаква ексклузивност туку чекор кој е преземен за обезбедување на општ инклузивен процес и во декларацијата се чита дека ние зборуваме за шесторката на Западниот Балкан во целиот текст. Во 2017 година на состанокот на Берлинскиот процес во Трст се договоривме за акцискиот план за регионална економска област, но две години од тој договор, не се случија доволно од тие работи за да се случи интеграција.  Значи, воопшто не станува збор за тоа дека сите се повикани да се приклучат, туку дека немаме намера никого веќе да чекаме, рече Рама.

-Бирократијата и минатото предолго не држат во заложништво и тоа не е причина на нашите деца да не им обезбедиме иднина, рече Рама.

Премиерот Зоран Заев рече дека денешниот состанок и идните што ќе следат се во насока на создавање Балкан кој ќе биде почитуван од другите, поконкурентен и регион попривлеченн за инвеститорите и з младите да останат дома.

-Главната цел е поголем стандрад, повеќе пари и поголема економска моќ и нови работни места и вработувања, право на младите да учат, студираат во кој било регион и полесно да се вработат во сите други земји во регионот. Кога некој вложува во својата фабрика да може да го гледа регионот во целина и за работна сила и за место за инвестирање и за пласман на производот, рече Заев.

Според него заедничкото отворање на оваа иницијатива  е и за да се испрати порака дека Балканот не е веќе буре барут, туку регион на стабилност, во 21 век посветен на ЕУ интеграциите. Тој најави дека копретседавањето на нашата земја со Бугарија во Берлинскиот процес ќе даде поттик на оваа иницијатива.

Вучиќ чија земја веќе води преговори со ЕУ, рече дека Србија испраќа порака оти Северна Македонија и Албанија заслужиле да почнат преговори, и доколку тоа евентуално не се случи од некои причини, граѓаните не се виновни, туку тоа се како што рече некои внатрешни работи на ЕУ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

81 година слободно Скопје

ВЕСТИ November 13, 2025

Скопје денеска одбележува 81 година од ослободувањето во Втората светска војна. Делегации од институции и…

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.