НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ со апел за ситуацијата во Косово – Албанците да се вразумат, Србите да не наседнуваат на провокации

0
By Sashko on July 31, 2022 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мислам дека никогаш не сме биле во покомплицирана и потешка ситуација за Косово од денес. Ги молам Албанците да се вразумат, а Србите да не реагираат на провокации, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во денешното обраќање до јавноста, јави дописникот на МИА од Белград.

„Исто така, од претставниците на моќните земји барам да обрнат малку внимание на меѓународното право и реалноста на теренот и да не дозволат нивните штитеници да предизвикаат конфликт. Мислам дека на Западот не му одговара конфликт на Косово, молам и барам да се зачува мирот. Од синоќа имав многу разговори, особено со Лајчак. Ако мислат дека 17 март може да се повтори, тоа нема да се случи, рече Вучиќ и додаде дека „ако се осмелат да тргнат во прогон на Србите, Србија ќе победи“.

Како што кажа Вучиќ, Албанците однапред ги испратиле своите единици со 21 тон гориво и се останато на административните премини „Јариње“ и „Брњак“, со желба да ги запрат сите што имаат српски лични карти, а сето тоа да почне на полноќ, со истовремено убедување на Србите да се откажат од регистарските таблички.

„Приштинскиот режим се обидува секогаш да се прави жртва и да го искористи расположението во светот каде што мислат дека „големиот Путин“ му наредил на „малиот Путин“, па „новиот Зеленски“ во ликот на Курти ќе го спаси народот од големосрпската хегемонија“, рече Вучиќ.

Кога станува збор за личните карти, тој појасни дека Албанците во Приштина се повикуваат на точка 3, во која се вели дека „секоја страна може да спроведе систем со кој личните карти ќе бидат придружени со писмен документ за влез-излез за жителите од другата страна кои транзитно патуваат во трета земја“, додека во фуснотата стои дека ќе користат статусно неутрален јазик.

„Албанците во моментот го користат ова, иако никој не разбира зошто, како да не им е доволно што веќе прават што сакаат. Како некој намерно да сака да предизвика тензии и проблеми“, изјави Вучиќ.

Тој посочи дека она што се дефинира „за жителите на другата страна кои патуваат транзитно во трета земја“, не може јасно и недвосмислено да важи за Србите од Косово.

„Не можете да ги запрете Србите од Зубин Поток, од Звечан, од Косовска Митровица и да кажете дека не можат да преминат со српска лична карта, бидејќи не ја претставуваат другата страна, ниту тие транзитираат во трета земја“, нагласи тој.

Според него, „друга работа е што Албанците сакаат реципроцитет, што нема никаква смисла“.

Според истиот договор, Приштина донела одлука и за табличките.

Тој изјави и дека Бриселскиот договор предвидува формирање Заедница на српски општини, а од формирањето на ЗСО поминале 3.390 дена.

„Ако има меѓународен договор што не му одговара на Курти, тој вели „не е добар ниту за Србите“, бидејќи претпоставувам дека тој знае подобро. Кога Србите сфатија дека Албанците нема да го спроведат во 2021 година, почнаа да ставаат банери и билборди со порака „Добредојдовте во ЗСО“ и тие што ги поставија беа уапсени“, рече Вучиќ.

Вучиќ додаде дека вчера беа уапсени момчиња кои носеа маици на кои пишуваше: „Не се предаваме“, а на Видовден е уапсено момче кое пеело патриотски песни.

„Уплашен сум поради реакцијата на српскиот народ. Мој совет е нашиот народ да биде мирен, да ја задржи својата присебност. А, ако почнат да протестираат, тоа да го прават мирно. Да не им се дава причина на Албанците да пукаат во народот. Само да бидеме мирни и да ни дадат на времето. А, ги молам Албанците, поради непромисленоста на Курти и неговите соништа да биде претставен во светот како новиот Зеленски, да не дозволат да ги нападнат Србите. Атмосферата е доведена до вриење, Србите нема да трпат повеќе ѕверства“, порача српскиот претседател.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.