Српскиот претседател, Александар Вучиќ утре ќе положи заклетва пред пратениците во Собранието на Србија за втор претседателски мандат, јави дописникот на МИА од Белград.
По свечениот чин е предвидено негово обраќање пред пратениците, а на седницата не е предвидена расправа.
Мандатот на Вучиќ истекува на 31 мај, денот на кој ја презеде функцијата во 2017 година.
На претседателските избори на 3 април во оваа година, тој ја доби довербата на 58,59 отсто од гласачите, односно на 2.224.914 милиони граѓани.
На изборите гласаа 3.811.585 милиони граѓани од вкупно 6.502.307 милиони запишани гласачи во избирачкиот список, односно 58,62 отсто. Претседателските избори беа повторени на 16 април на 35 избирачки места.