Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За ФЕМЕН.мк и средниот прст на отпорот!

0
By Нова ТВ on January 4, 2014 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Си го сочував весникот со 10 метарскиот „среден прст“ на Давид Черни за секој пат кога ќе ја отворам фиоката да ми припоменува на една инвентивна бунтовничка форма на отпорот и на тоа колку се среќни оние кои можат непречено да си кажат што си мислат и да не им фали ни влакно од главата.

И токму затоа секој пат гледајќи во средниот прст си помислувам како ли би реагирал македонскиот претседател на пример доколку добие слична уметничко – политичка порака, каква што доби претседателот на Чешка, Милош Земан од уметникот Давид Черни. Македонската јавност веројатно ги виде видеата и фотографиите од високо подигнатиот среден прст што Черни му го прати на Земан пред изборите на крајот на Октомври 2013.

Черни направи платформа на која постави уметничко дело – виолетова пластична рака со 10 метарски висок среден прст која беше поставена на пловило на реката Влтава во близина Карлов Мост. Прстот беше вперен кон Храдчани каде што се наоѓа и седиштето на Претседателот на Чешката Република. Средниот прст беше знак на протест поради, како што беше наведено, про – болшевичката практика против основите на демократијата.
Иако, во суштина за многумина станува збор за некултурен гест, на, инаку, секогаш провокативниот Черни, овој „безобразлук“ ги насмеа туристите, пражаните, го обиколи скоро целиот медиумски и уметнички свет во и надвор од Чешка, и што е најважно не предизвика драматични реакции од оној на кого средниот прст му беше наменет.

Е, сега, ја замислувам реакцијата на тој таканаречен македонски демократски капацитет, кој, согласно минатите искуства, повеќе асоцира на Путиновиот модел, за жал.
Значи, ете да речеме дека низ Вардар кајче плови, а на кајче голи гради ала “ФЕМЕН“ со незгодни политички пораки до некоја персона од естаблишментот. Лути му се, демек, момите на претседателот Иванов оти, ете, тој, според нив, не мрднал, со прст да помогне во борбата за “Слобода на Кежо” или за медиумските слободи или….

И тука за момент од уплав ми се блокира мозокот. Не од градите или од пораките, соодветни биле или не, ами уплавот е последица на стомачната мачнина од замислената реакција за која и не мора човек да има бујна фантазија. Море, не треба да има никаква фантазија. Доволно е да се навратиме на претходните “спонтани” анти реакции и да замислиме некаква си епска речна битка од античко римски примеси со предупредувачки топовски истрели кон македонските ФЕМЕН – ки од галиите на Вардар, а кога наследничките на Сирма Војвода, Вера Ацева, Ибе Паликуќа, уште погордо ќе си ги испрсат градите, влетуваат дежурни контра – демонстранти кои ,патем, не биле информирани зошто се таму.

Нејсе, започнува нерамен бој, чии детали, ќе ги оставам настрана заради дотичните перосни кои му го покрија “срамотилакот” на Прометеј, а самиот тој не им пречи. Значи бој, во кој се крши епскиот отпор на ФЕМЕН.мк, но од кој во историјата ќе останат за навек песни кои ќе го креваат духот на народниот пркос кон сите власти на овој свет.

На крајот се редат слики од новите депанданси на македонските затвори кои властите ги најавија дека ќе ги направат согласно стандардите и барањата на Европската Унија. Па, потоа следи силен епистоларен притисок врз власта од Запад. Дуња Мијатовиќ, Штефан Филе и другарчињата од Брисел, пишуваат писма и елем, по година – две, строг ама, нели, правичен затвор за ненајавени протести на кајче, следи АМНЕСТИЈА како од филмот на Владимир Путин и Пуси Рајот.

Или можеби не!? Можеби мислите дека Иванов би дошол онака покрај Вардар, за да го манифестира огромниот демократски капацитет и со пешкирчиња да ги забришат намокрените македонски ФЕМЕН – ки, за да не настинат.
Е, тој филм тешко дека ќе го гледаме, што би рекле, за инает на ЕУ и на НАТО кои има да не примат такви какви што сме или нека си се распаднат. “Но што е наше само ќе си дојде”

Зоран Ќука
Авторот е новинар

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
ФОКУС

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

ВЕСТИ September 26, 2025

Македонија, Косово и Молдавија се најдоа меѓу земјите кои бележат најголем пад на населението во…

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.