НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За националните идентитети

0
By Борјан Јовановски on July 10, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како го дефинираат својот национален идентитет Швеѓаните, Италијаните, Французите, Ирците и Белгијците?

Националниот идентитет стана фраза која нема место каде нема да ја слушнете деновиве. Од селски и маалски гранап преку социјални мрежи, политички партии до државни институции. Да бидам искрен, поплавен од муабети за националниот идентитет, мојата новинарска љубопитност ме навлече на темава па малку се задлабочив во неа, а и поразговарав се неколкумина познаници кои не се Македонци, кои во моментов националниот идентитет го толкуваат и коментираат единствено низ призмата на грчко македонскиот спор или сега Договор.

“Националниот идентитет е идентитетот или чувството на припадност на една држава или на една нација.  Тоа е чувството за една нација како кохезивна целина, како што е претставена со своите специфични традиции, култура, јазик и политика. Националниот идентитет може да се однесува на субјективното чувство кој поединецот го споделува со група луѓе во однос на нацијата. Националниот идентитет се гледа во психолошка смисла како “свест за разликите”, “чувство и признание на” ние “и” тие “, пишува во дефиницијата за националниот идентитет која може да ја прочитате на Википедија.

Дефиницијата е преширока и отвора повеќе прашања, како на пример кое е тоа субјективно чувство кој поединецот го споделува со група на луѓе? Обидот да го одговорите тоа ќе ве одведе во океан од потпрашања кои наложуваат бескрајна дебата. За да не заскитате, најдобро е да се задржите на дефиницијата на речникот на Оксфорд, кој националниот идентитет го дефинира како верба на група луѓе во некои вредности на кои таа група заеднички се посветува.  

 

Но, еве како изгледа националниоот идентитет за другите. Швеѓаните на пример. Ја прашав Елизабет Бјоркбом, дизајнер во познатата “Икеа”.

„Горда сум што сум Швеѓанка затоа што мојата држава е посветена многу на еднаквоста на граѓаните и нивните индивидуални права, на пример начинот како ја прифати и ја третираше глобалната кампања #metoo. Горда сум затоа што државата овозможува секој да има достојно живеалиште, затоа што имаме даночен систем кој овозможува секој да има можност за здравствена заштита, затоа што овозможува бесплатно школство за секого. Но, сепак јас повеќе се чувствувам како граѓанин на светот и ова мислам дека е поврзано со односот на крајно десните политички партии на кои главна работа им е истакнувањето на шведското знаме. Истакнувањето на тоа знаме на бродовите, за време на националните празници или традиционални одбележувања е во ред, но кога ќе го видам знамето на нечија маица или како тетоважа или нешто слично, тогаш тоа за мене е чудно, па поубаво ми е како граѓанин на светот”, вели Елизабет Бјокрбом.

Во сличен контекст за својот национален идентитет размислува и мојот колега од Франција Паскал Хансен, кој својата припадност кон француската нација се обидува да ја поврзе со извесни цивилизациски вредности. Паскал како и другите соговорници е изненаден од нашето прашање.  

Паскал Хансен

“Што значи да се биде Французин ? Одговорот е тежок, дури и невозможен. Дали да се биде Французин значи исто за лице кое ги дели идеите на Натали Арто, Емануел Макрон или Хенри Де Лескен ? За еден жител на Неји-сур-Сен или на Грињи 2, за еден Алзашанин или Французин кој живее 40 години во САД ? За еден поранешен борец од Слободните француски сили или за млад мигрант ? Не, навистина не мислам дека е исто.

Националниот идентитет или националното чувство, е концепт што треба да се употребува со најголема претпазливост, бидејќи може да биде двосмислен и инструментализиран – најчесто за негативното наспроти позитивното, и во крајна линија оди против кохезијата на општеството. За да бидам Французин, според мое мислење, треба да значи живот во добронамерно општество, отворено општество, каде што заедничкиот живот го надвладува индивидуализмот, каде што еднаквоста меѓу француските граѓани или оние кои тоа не се треба да се постави како кардинален принцип”, вели Французинот Паскал.

Од Франција отидовме малку источно кон Белгија, нација или националност која навистина е тешко да се дефинира ако се земат предвид етничките поделби меѓу доминантите групи на Фламанци и Валонци кои и покрај се успешно живеат заедно во еден прилично компликуван државен концепт. Во екот на големата економска криза од 2009 година фламанско-валонските кавги ја оставија државата без влада па сепак Белгија беше една од државите во Европа која најуспешно се справи со економската криза.

Околностите ги обединуваат членовите на една нација

Всушност, Белгијците излегуваат рака под рака на улиците по победите под тробојното знаме (светски шампионати, Црвените ѓаволи, Нафисату Тиам) или кога се случуваат трагедии (23 март 2016 година, Лиеж) и тогаш се слушаат помалку или повеќе точните зборови на химната “Ла Брабансон” (Единството ја прави силата)  или за да се охрабрат едни со други.

Хелен Депас

Како мала земја градена и доградувана за време на револуциите и кралствата, Белгија и нејзините жители понекогаш ја илустрираат девизата навезена на нашето црно-жолто-црвено знаме. Секогаш е задоволство тоа да се види и тоа не охрабрува во обидите да ги ставиме настрана разликите помеѓу нас. Да се живее во Белгија е вистински концепт!” вели Хелен Депас , вработена во една агенција за продажба на недвижности во Брисел.

Дефиницијата на националниот идентитет изгледа сложена и во Италија една од најголемите нации во Европа која за оние кои не ја познаваат доволно и гледана од страна, изгледа приличо кохерентна. Но, Давид Патери, маркетинг агент не би се сложил со тоа иако очекувано за Италијанец горд е на италијанската кујна и уште две очекувани работи кога станува збор за оваа нација а за кои може да прочитате во неговата изјава за НОВА.

Давид Патери

“Националниот идентитет во Италија е комплексно прашање, што сигурно се должи на младата нација: И покрај тоа што единството на Италија датира од 1861 година, двата последни региони беа припоени дури во 1918 година. Постои една исклучително добра реченица на Масимо д Азелио, еден од патриотите на “Risorgimento” (Движење за обединување на Италија) , кој, за време на обединувањето, рекол:

“Италија е направена, сега треба да ги направиме Италијаните”.

Ова покажува како идејата за италијанска “држава-нација” му била наметната на народот од горе – преку недостиг на историски наратив, на симболи и споделени идеали и заеднички интерес.  Регионалните различности се уште играат голема улога во колективниот идентитет на земјата – па дури и во рамките на ист регион Италијаните пред се се претставуваат дека доаѓаат од некој град или село.

 

Во некои историски градови како Фиренца, разликите помеѓу различните квартови во градот исто така го формираат локалниот идентитет…. И тоа е така од времето на фракциите на Гилфите и Гибелините раскажани од  Данте во 12 век. На највисоко ниво, разликите помеѓу северот и југот се уште постојат – доволно е да се погледне картата на гласањето на последните избори.

И што е тоа што ги прави Италијаните Италијани? Лично, би рекол дека јазикот (јазикот што најмарганизираните Италијани го научија по војната пред се благодарение на телевизијата), фудбалот, храната… и Папата. Но сето тоа доаѓа по локалната припадност, потоа регионалната… Како да се работи за повеќе “слоеви на припадност” – доаѓаме од град, потоа од регион, потоа од север или југ … и на крајот, ние сме исто така Италијани.

Во Ирска пак брзите промени во самото општество како и на глобален план создале различни перцепции за идентитетот кај различните генерации. Ирска за кратко време од мало, затворено и исклучително конфликтно општество стана релевантен фактор во Европа пред само 25 години. 

“Она што значи да се биде Ирец е во развој како процес. Ова беше јасно како ден на неодамнешните референдуми за истополови бракови и абортуси кои беа објавени во медиумите низ целиот свет. Сосема католичко и традиционално општество во кое растеа  моите родители се отвори со неверојатна брзини. Ирска се појави како економски фактор во 1990-тите. Темпото на промените не успеваат да го следат нашите политички и правни институции . И покрај тоа, мислам дека голем дел од мојот ирски идентитет, норми и ставови на светот може да се следат назад кон христијанската традиција и историјата на оваа мала Ирска. Мојот идентитет како Ирец е најсилен кога комуницирам со силни симболи на ирската култура, како што се ирската музика и спортот. Како и другите помали нации, ние се стремиме да го потврдиме нашиот национален идентитет во перцепираните разлики со нашиот најблизок сосед-Велика Британија. Во таа смисла го прифаќам мојот ирски акцент, малите разлики во зборовите што ги користиме и (понекогаш болно отворениот) пријателски начин на кој ние комуницираме со другите.” вели докторантот на престижниот Универзитетски колеџ во Лондон.

Изјавите кои ги пренесуваме и разговорите кои на оваа тема сум ги водел со мои пријатели од различни држави јасно укажуваат на комплексноста на поимот “национален идентитет” . Од друга страна токму таа комплексност која подразбира и силни емоционални димензии треба да биде предупредување дека оваа тема би требала да добие многу посериозен третман особено во општество како нашето со толкава желба да зборува за овој феномен.

За почеток образовните и академски институции би требало да се погрижат да ја приопштат на сите јазици кои се говорат во Македонија книгата на Амин Малуф, “Во името на идентитетот” или во превод на француски “Убиствениот идентитет” која многу експлицитно објаснува за деструктивната сила на националните идентитети кога тие добиваат ирационални толкувања со какви сме соочени ние денеска во Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025

Известителка на ОН: Србија крши голем број меѓународни обврски и се движи кон самоволна власт

August 8, 2025

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025
ФОКУС

Мерц: Германија го запира извозот на оружје за Израел

ВЕСТИ August 8, 2025

Германија го суспендира „до понатамошно известување“ извозот на воена опрема во Израел што би можела…

Трамп: Примирјето во Украина „зависи“ од Путин

August 8, 2025

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

August 7, 2025

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.