Министерството за одбрана на Русија прогласи затишје во Мариупол и Волновака од 10 часот по московско време со цел непречено минување на хуманитарните конвои, пренесува „Би-Би-Си“.
„Режим на затишје“, што е договорен со украинските власти, е прогласен и со цел цивилите да можат да ги напуштат градовите, објави руското Министерство, пренесуваат тамошните медиуми.
Украинската страна сè уште не ја потврди таа инфиормација.