Доцна синоќа, седиштето на Српската напредна партија во Белград , која е матична партија на староновиот српски претседател Александар Вучиќ, беше исполнето до последниот сантиметар. Новинарски екипи, претставници, членови и симпатизери на неговата СНС , дојдоа да присуствуваат на објавата на победата за уште нов петгодишен претседателски мандат, победа на парламентарните и на делумните локални избори. По едночасовната прес конференција после која рече нема на што повеќе да одговара, Вучиќ побара да се отвори шампањ, а потоа беше изненаден со торта во форма на рекламата од кампањата со излегувањето од фрижидер како и со блех музика.