Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За поефикасно и независно судство е потребно објективно оценување на судиите, смета Црвенсковска

0
By Ivana on March 29, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ако имаме објективно оценување на судиите, нивно унапредување врз мерливи и објективни критериуми, ако обемот на нивната работа е определен врз основа на сложеноста на предметите, тогаш несомнено ќе имаме поефикасно, побрзо и понезависно судство што ќе значи поголема доверба на граѓаните во судскиот систем, изјави претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска при своето   обраќање во врска со сите усвоени документи во изминатите две години, важни за реформите во судството.

– Во иднина неопходно е да спроведеме обуки на комисиите, и на оние во Судскиот совет и на комисиите составени од судии од повисоките судови, кои ќе се занимаваат со оценувањето на судиите и претседателите, а се со цел таа постапка да биде поверодостојна, пореална и потранспаретна, рече Црвенковска.

Со цел да можат објективно и непристрасно да ги оценуваат судиите, и да придонесат во објективизирање на оценките кои после ќе преставуваат основа за унапредување, донесена е како што рече Методологија за квалитативно оценување на судиите, но и Методологија за оценување на претседателите на судовите. Оваа методологија за подиректно, пообјективно и понезависно оценување на работата на судиите, според неа, веќе е имплементитрана во АКМИС системот, односно и е обезбедена информатичка поддршка неопходна за нејзина практична примена.

– Сите овие документи, особено подзаконските акти отвораат можност за поинакво и поефикасно делување на Судскиот совет во следниот период. Со овие документи се овозможува поинтензивно реформирање на судскиот состем, односно посоодветен пристап кон обезбедувањето независност, транспаретност и објективност на судството, главни елементи кои треба да влијаат на враќањето на довербата во судскиот систем. Она што сакам да го издвојам, со оглед на актуелноста, е Методологијата за квалитативно оценување на судиите, чија имплементација започнува денеска, откако претходно беше адаптирана во АКМИС системот за да може дигитално да се примени. На денешната седница на Судскиот совет ќе биде усвоен Правилник за формирање на комисиите во Судскиот совет, но ќе се формираат и самите комисии чија надлежност ќе биде да го спроведе процесот на оценување на судиите согласно новата методологија. За таа цел, претходно, беше ажуриран Судскиот именик, а од нормативен аспект изработен е Правилник за составување на комисиите од повисокиот суд, кои исто така ќе имаат значајна улога во процесот на оценување спроед новата методологија, истакна Црвенковска.

Зборувајќи за активностите на Судскиот совет во правец на реализација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, но и на активностите во правец на обезбедување независно и транспарентно судство таа ги спомна конкретните документи важни за развојот на капацитетите на судството, а со тоа создавање на институции кои значително ќе ја вратат довербата на граѓаните во судскиот систем.

– Во текот на 2019-та година беше донесен нов Закон за судски совет, како и измени во Законот за судовите. Овие закони му наложија на Судскиот совет да донесе низа подзаконски акти со цел да се конкретизираат активностите на советот во правец на поажурно постапување, пообјективно оценување на работата на судовите и судиите, а се со крајна цел за побрза, поефикасна и задоволителна правда, што е клучното во враќањето на довербата кај граѓаните, посочи Црвенковска.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025
ФОКУС

Блумберг: Украина и Европа подготвуваат мировен план од 12 точки за крај на војната

ВЕСТИ October 21, 2025

Европските земји во соработка со Украина изработуваат предлог од 12 точки за запирање на војната,…

Премиера на документарниот филм за кошаркарскиот клуб „Работнички“

October 21, 2025

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

October 20, 2025

Во Скопје ќе има втор круг, градоначалник ќе се бира меѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ

October 20, 2025
ТИКЕР

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.