НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За што се бори Хамас?

0
By Ана Василевска on October 13, 2023 АНАЛИЗА, СТАВ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Следејќи ги јавните реакции на најновиот крвав конфликт во Израел и пропалестинските протести на дел од луѓето и политичките, како во нашата земја, така и на меѓународната сцена, сметам дека е потребно да се разграничат некои основни поими и позиции. Во овој свет на масовни манипулации, многу нешта се сосема поинакви од тоа што се гледа на прв поглед. Ги молам читателките и читателите да го прочитаат овој текст без предрасуди и во целост.

Секој поединец и народ, без оглед на тоа колку изгледаат мали и немоќни, можат да играат важна улога на светската сцена. Злосторниците често се потпираат токму на чувството на малите дека не можат ништо да променат. Затоа, вложуваат огромни средства да ги манипулираат и да ги водат во насока која ним им одговара. Тоа е можно, затоа што ја злоупотребуваат демократијата и отвореноста на општествата, за да ги остварат своите мрачни цели. Тоа не смее да се дозволи.

Војната му оди во прилог на Путин и ја спасува власта на Нетанјаху

Терористичкиот напад што го почна Хамас врз цивилни цели во Израел на 7 октомври, Сабат, на 50-годишнината од Војната на Јом Кипур, претставува голема поддршка за злосторничката клика на Путин и неговата геноцидна војна против Украина. За злосторникот во Кремљ, чии отпечатоци од прстите јасно се гледаат и во оваа војна, сега е извонреден момент за дефокусирање на светската јавност. Хамас на Путин му даде индиректна, но исклучително значајна воена поддршка, односно можност воената и политичката поддршка за Украина да се намали. Воедно, Хамас му даде на Путин и аргументи во жестоката пропаганда и хибридна војна што ја води против Западот.

Хамас му помогна и на ултрадесничарскиот политичар, премиерот Бенјамин Нетанјаху, да ја задржи власта, наспроти силните протести со кои се соочуваше во последно време, поради непопуларните промени во судскиот систем во земјата. Сега, израелските политичари и целото општество се обединети против Хамас.

Дефиниција за Хамас

Нема и не треба да има дилеми за и околу дефиницијата за Хамас. Тоа е терористичка организација според сите дефиниции што може да се најдат било каде во литературата. Впрочем, и самата организација не одрекува дека средствата и методите со кои се служи се својствени на терористичките организации во минатото и сега.

Иако оваа организација тврди дека се бори за слобода и правда за Палестинците, во основа, тоа е терористичка организација, за која светот има аргументи да тврди дека крајна цел ѝ е уништување на израелската нација. Тоа ги прави терористи со идеи и цели кои се геноцидни.

Затоа, важно е да се разбере! Пропалестинските сентименти не треба да се стават во служба на Хамас, а токму тоа и се случува во моментов. Протестите за поддршка на Палестинците и поларизацијата што се предизвикува во општествата, им ставаат моќно оружје на терористите на Хамас и злосторничките режими во Кремљ и Техеран.

И секако не ги поштедуваат животите на цивилите во оваа брутална војна која само во првите шест дена однесе илјадници животи и разурна огромен број домови и семејства.

Почнување на однапред изгубена војна и жртвување на сопствениот народ

Чудовишно е, без оглед на „високите цели“ во кои лидерите на Хамас тврдат дека веруваат, да почнуваат војна за која се целосно свесни дека ќе ја изгубат и тоа по крвава цена на животите на цивилите во чие име се декларираат дека се борат.

Хамас, буквално на тацна, ги става животите на Палестинците, користејќи ги како влог во крвавата игра – влог кој не го поседуваат и за кој не ги овластил никој, а никој и не може да ги овласти за такво нешто.

Ужасни и трогателни се сцените од бруталното уништување на човечките животи – на двете страни. Но, барем за момент, мора да се задржиме на студените височини на Разумот и да се обидеме да му дадеме предност во спасувањето на тоа што сѐ уште може да се спаси.

Спротивно на исламот

Тоа што го прави Хамас не е во согласност со исламот, ниту е во согласност со било какви вредности и принципи на борба за слобода и човекови права.

Муслиманскиот свет, вклучително и Палестинците, имаат човечка обврска да ги осудат и да ги отфрлат Хамас и сите други терористи кои живеат врз грбот на Палестинците или било кој друг народ во светот. Тероризмот не може и не смее да се оправда со ништо.

Никој не спори дека човековите права на Палестинците се загрозени и дека нема неправди извршени кон граѓанките и граѓаните на Појасот Газа или на други места во кои живеат Палестинците. Но тероризмот не е одговор, туку е директен и брутален напад против човечкиот живот и човековите права. Не можете да се борите за човекови права со загрозување на други човекови права, барем тоа е јасно.

Светот посведочи на еден нечовечен и брутален напад против цивилите на Израел, но тоа истовремено беше напад врз мирот и напад врз интересите и стремежите на самите Палестинци.

Итно е: Мир, заштита на цивилите, хуманитарна помош

Три работи се исклучително важни во овој момент, тежок за Израелците и за Палестинците, но и за целиот свет. Мора да се избегнат бесплодни прашања и дискусии за историјата на овој конфликт, туку да се дејствува брзо, за да се спасат човечки животи.

Прво и најважно е овој конфликт да престане. Хамас мора да биде поразен и да се соочи со одговорноста и последиците од бруталниот терористички напад со кој ја започнаа војната. Веднаш да ги ослободи заложниците и да се предаде на институциите на правдата. Сè додека не се случи тоа, војната ќе продолжи и ќе му донесе неизмерни страдања на цивилното население насекаде во Израел и на Блискиот Исток.

Второ, израелската држава мора да поведе сметка за цивилното население и да најде решенија со кои воените операции нема да предизвикуваат разурнување и смрт на цивилите. Хамас кукавички се крие зад цивилите и во лавиринтот од подземни тунели под цивилните објекти, но мора да се вложат напори секогаш и секаде каде што е можно да се поштеди човечки живот.

Хуманитарната помош за настраданите цивили во овој конфликт мора да се обезбеди веднаш и без селекција, за сите цивили во оваа трагична војна. Палестинците мора да сфатат дека Хамас не само што не им носи ништо добро, туку дека дејствува против нивниот живот и слободата.

Што не треба да дозволат разумните луѓе?

Да заклучиме. Хамас изврши брутален терористички акт и ја почна војната, жртвувајќи го сопствениот народ. Истовремено, Путин доби воена и пропагандна поддршка од Хамас. Хамас му го продолжи политичкиот рок на траење на Нетанјаху. Многу е веројатно дека Русија, Иран и нивните сојузници директно и непосредно го помагале Хамас да го спроведе терористичкиот напад.

Разумните луѓе не смеат да дозволат нивното сочувство со онеправданите луѓе да им даде оружје во рацете на терористи и воени злосторници.

Поздрав од судениот остров на Разумот!

Преземено: Цивил Медиа


Текстот е личен став на Авторот.
Бенјамин Нетанјаху Израелско-палестински конфликт Хамас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.