Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За слободата и самоволието

0
By Нова ТВ on June 15, 2014 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува Ристо Лазаров

Многу тефтери и книги се испишани за слободата. И допрва ќе бидат напишани. Така е тоа со вечните теми.

Откога се дума, говори и пишува за слободата, постојано се преповторува дека таа не се добива на подарок по никаков повод, ами дека нејзината вистинска вредност блеснува и трае – ако е освоена. Освојувањето на слободата е траен напор, повеќе трајна обврскa.

За слободата има повеќе слободни толкувања. Најраспространетото меѓу нив на прв, а богами и на втор поглед, изгледа просто како грав: да може човек да делува без присила и забрана, да не под ничие и никакво ропство. Внатрешна јатка и вечен подвижник на слободата е негувањето и практикувањето на сопствената волја. Не на туѓата, чија и да е. Тоа никој разумен не го сфаќа како разуздано самоволие. Самоволието е од спротивната страна.

Меѓу другото, и заради самоволието човек нема право да се откажува од својата слобода. Тоа би значело и откажување од правата, тоа би значело и своевидно осакатување на моралноста на сопственото делување – нека биде парафразиран Русо.

Меѓу другото, затоа слободата е и песна недоиспеана, песна што се пее одново и одново. Никогаш пригушено, притаено. Слободарската песна го кутнува паѓањето.
Бранко Миљковиќ беше напишал: ако сме паднале, на паѓање сме биле склони.
Се разбира дека има паѓања ( и туркања) и без склонот.
Се разбира дека и сите паѓања не се бесконечни, дека повеќето од нив следува искачување од амбисот на безнадежта до врвовите на надежта.

Кон врвоите инаку, се стремат разни сорти алпинисти – љубители на власта. Некои со најсовремена опрема, некои со корави, раскрвавени раце. Сите знаат дека со различни средстца се стасува до иста цел, ама некои се прават дека не знаат и ги допуштаат само сопствените средства, кои однапред им носат предност. Ама не еднаш се случило предност мигум да се престори во заостанување, тадури и ступолување во амбисот каде што сé уште има доволно место за самобендисаните алпинисти кон врвовите на власта, а уште повеќе за оние кои си мислат дека за навек ги запоседнале тие врвови. Таквите уште не стасале до првиот урок: ако не знаеш дека им струполување, ич не качувај се угоре.

Качувањето угоре добива смисла ако е качување кон висовите на слободата. Другото е лук и вода, чисто властодржие, авторитаризам, диктатура. Слободата не е во мода кај оние кои се качуваат на врв планина, за таму јатата птици да ги испозатворат во кафези. И уште да ги убедуваат птиците дека во кафезите им е најлагодно: одвреме навреме ќе им фрлат по некоја трошка за преживување и купишта лаги за залажување. Таквите кафези не траат долго, брзо ‘рѓосуваат и се абат.

Кајшто има кафези, нема слобода. Има само мотивација, силен поттик на борбата за слобода. Ркулецот на слободата е во мислата, од што произлегува дека љубителите на кафези не му ја мислат многу. Слободата сака да е обмислена. И освојувањето на слободата сака да е обмислено. Од небото, гледаме, паѓа дожд, а не ензапишано во ниту една книга дека од небото паднало барем некое заскитано парче слобода. Слободата е полна, вистинска, ако е освоена. И кога е освоена, слободата треба уште да се освојува – упорно и сé поупорно: како највисоките Хималаи на духот. Таа има смисла ако е слобода за сите. Во спротивно, донесува мамурни утра, а запина да ги отчепи сите буриња со расолница.

Има ситуации кога моќните господари врз туѓата слобода попуштаат не пред молбениот очај, ама и пред очајничкото спротивставување на потлачените. Познат е примерот на премоќниот Скендербег, кој бркал ли бркал некој свој војник. Го бркал, всушност, негoвиот ситен грев. Кога најсетне војникот се нашол во крајна неволја, исправен пред можноста часкум да остане без глава, со мечот в рака се свртел кон господарот, да се брани. Е, токму тоа го смирило разбеснетиот господар и му ја спасило главата (и слободата) на потлачениот. Витештвото има длабоки корени во смислата на секоја борба, па и на онаа за слобода.

Сал празноглавите и тврдоглавите јаваат во галоп врз витештвото. Тврдоглавоста секогаш е натоварена со големи бисаги порочност и безумност. Тврдоглавоста го гази витештвото и со тоа што во своите колони на злото влече сурии пристрасни судии, заслепени од врелото сонце на власта. Сака, значи, вардење ем од тврдоглавите, ем од пристрасните судии. Никогаш не било лесно освојувањето на слободата. Да, слободата се мисли, ама постојано треба да се има пред очи онаа на Горки: само со мисла не се тргнува каменот од патот.

Никогаш не треба да се исклучи можноста дека токму стравот предизвикува ужасна заслепеност. Така некако велеше Монтењ. Таков страв можат да имаат во коските и тврдоглавите и пристрасните судии. Нема меѓу нив неустрашливи, има добро офајдени кои катаден се мачат да го скријат стравот – да не го изгубат фајдето, имотот на пример. Ај да е само имотот, ама има и други чариња за таквите. Колку повеќе им расте и им се открива стравот, толку повеќе глумат весел живот и слобода. А сслободата, пусто, не се глуми. Таа е стварност и тоа стварност за сите, не евтина бурлеска.

Слободата секогаш се пишува во сегашно време, како што се живее.
Но, станува сé потешко да се пронајде сегашноста. Тук-там, во сезоните на големите ветувања, некој ќе проговори за иднината. Мнозината се забревтани во трките низ минатото. Живееме распнати помеѓу културата на стравот и културата на надежта. Не ни е пријатно кога гледаме дека одиме кон работ на амбисот, па се правиме дека не гледаме каде одиме. Гледаме во чавките. И во птиците грабливки, се разбира – некои со завист, некои со бес. Од дрвото, не ја гледаме шумата на корупцијата. Дождлива шума што ја наводенува и стежнува слободата, освојувањето на слободата, гласот на слободата. Слободата не се освојува безгласно. И не се става на жртвеникот на далдисаноста по некакви прастари кодови – библиски, национални, културни, секакви. Слободата, на пример, уне е да немаш култура, а да имаш министер за култура, кој си мисли дека тој самиот е култура. Новото време е полно со такви примери. Неслободата се камуфлира со разни марифетлуци.

Кога врне, надоаѓаат реките. Истекуваат цели градови, истекува младежта, умноста. Се прелеваат разно-разни смрдежи и омрази. Тогаш слободата се препелка со затнат нос, да го заобиколи смрдежот и омразата. Самото препелкање е доказ за оштетеноста на слободата. Наместо да разбереме дека нема држава без слобода, запињаме да докажеме дека нема држава без предавници. А со предавниците треба како со предавници, слободно, без гајле – десет удри едно број.

Туку-така ли се прашуваше големиот Бранко Миљковиќ, оној од почетокот на текстов: ќе умее ли слободата да пее, како што потлачените пееле за неа?

Ристо Лазаров
www.ristolazarov.com

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.