Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За срцата на Иванов

0
By Борјан Јовановски on July 7, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За срцата на Иванов

Претседателот Ѓорѓе Иванов очигледно влегува во фаза на чувствителност на неполна години пред новите претседателски избори. Раздавањето срца на една и навреди на друга страна кај пријателска земја каква што е Турција, а во име на цела нација, тешко е поинаку да се разбере освен во контесктот на таа негова поизразена сензитивност.

Да изразува поддршка на Владата на турскиот премиер Ердоган како претседател во име на нацијата, со онака недипломатска реторика е во најмала рака невкусно. Тоа е навреда за добар дел од припадниците и симпатизери на полтичките елити во Турција од секуларна провиниенција кои беа на чело на таа држава во 1991 кога ја признаа Македонија и го испратија првиот странски амбасадор во нашата држава. Иванов не смее да си дозволи македонското општество да го конфронтира со општествените структури во Турција со кои, ако нешто во меѓувреме не се изменило кај нас, споделуваме иста визија за држава основана на приципите на демократијата и секуларноста.

Иванов не сме да не знае дека стотиците илјади граѓани, меѓу кои добар дел истакнати професори, интелектуалци, лекари, уметници излегоа или ги подржаа тие протести поради револтот од се поексплицитните обиди на Ердоган да ја оспори секуларната основа на која е поставена модерна Турција од Кемал Ататурк. Да им влепите в лице на тие луѓе дека работат за странски служби е повторно ,благо речено, непристојно.
Конечно, ако Иванов решил да се конфронтира со голем дел од турската јавност нема потреба да прави нови конфронтации со демократските принципи. Тие доволно ни се случуваат дома поради што веќе стекнавме имиџ на држава со авоторитарни атрибути.

Имено, речиси цел демократски свет без да завземе страна дали се демонстрантите во право или не, го осуди начинот на кој Ердоган реши да се справува со нив, злоупоребувајќи ја полицијата и медиумите.

Во Турција не излегоа стотици илјади луѓе на улици со поддршка од силни авторитети меѓу кои се вброи и нобеловецот Орхан Памук ,затоаа што, како што вели Иванов, се замешани во операции на некакви си странски служби, освен ако претседателот Иванов нема некои инсајдерски инфрмации дека Памук и луѓе од негов ков и калибар не се на платен список на ЦИА, Сорос и други “непријатели” .

Дел од турското општество на чие чело е големо мнозинство од интелктуалната елита му се спротистави на Ердоган за да му стави на знаење дека демократијата и освоените избори не значат дека со државата може да прави што сака и кога сака. Демократијата поздразбира макотрпно работење за да се избалансираат и задоволаат интересите на различните општествени структури и интереси без разлика на нивната политичка и партиска провиниенција. Ова го пишува во сите учебници на кои Иванов другата години може ќе треба да им се врати како професор на правниот факултет.

Можеби Иванов се преплаши од помислата што би можело да стори граѓанство со високо развиена демократска свест ако се обидете да му менуватае личен опис и идентитет на градот како што тоа се случи кај нас. Но, ете, за негова среќа бројноста на македонската интелигенција и граѓанство е далеку од онаа на турската која во случајов реши да не калкулира со вработувањато на внукот,синот,тетката или братучедот во некоја државна инстуитуција.

Како и да е, Турција е наш голем пријател и во вакви специфични околности Македонија засега имаше прилично добра неутрална позција. Ја имаме среќата сите во Турција да се на наша страна. Од нас се чекаше како мала држава да бидеме внимателни и кон едните и кон другите штитејќи ги така најдобро сопствените интереси и потребата од одржување на добри односи со пријателска Турција. Дополнително, Иванов требаше да ја има во предид и етнички турската заедница во Македонија која е исто така поделена во овој конфликт, па земањето страна од позиција на претседетел не е во корист на спречување на тие поделби.

На Иванов му останува неполна година до крајот на мандатот. Наскоро ќе сака да биде поддржан за втор мандат. Весникот „Нова Македонија“ му испрати голема листа на гафови кои му се случија на Иванов во досегашното извршување на функцијата претседател. Наместо чуствителност, од него се очекува ако не го намалува, барем да не го зголемува списокот на „Нова Македонија“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.