Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Забрзано продолжува поставувањето на спомениците во Центар

0
By on April 9, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


На мостот „Око“ и денеска се поставуваат 20 тина од вкупно 32 најавени скулптури на антички и средновековни кралеви, кнезови, и војсководци.

Меѓу нив се: Митскиот крал Каран, Пердика I, Аминта III, Парменион, еден од генералите во војската на Филип, Авдолеон, Филип V, Персеј, Тит Флавиј Орест, Јулија Тертила Публиј Септиј Николај, Будиј и други личности од античката историја. Другите скулптури се од византискиот период и од раниот среден век

Од двете страни на Порта Македонија се поставени спомениците на Христо Татарчев и на Павел Шатев. Спроти нив, во паркот Жена-борец е поставен споменикот на Кузман Јосифовски Питу. Спроти Мекдоналдс во центарот на градот е споменикот на Христо Узунов, пред Министерството за надворешни работи е поставен Борис Сарафов, а на кружниот тек кај Католичката црква е поставен споменикот на Васил Чакаларов.

На плоштадот Карпошово Востание, во близина на споменикот на Филип втори, или како што официјално се нарекува „Воин“, се поставени скулптури на Пресвета Богородица, Свети Никола и на Свети Петар и Павле.

Споменикот на Сарафов е подарок од скулпторката Валентина Стевановска.

Според податоци од Бирото за јавни набавки, скулптурите на мостот „Око“ чинат 170 илјади евра. Спомениците на Татарчев, Шатев и Кузман Јосифовски Питу се 213 илјади евра, Чакаларов е 350 илјади, ХристоУзунов чини 116 илјади. Спомениците на плоштадот Карпошово востание се 128 илјади евра.

Кандидатот на опозицијата, кој победи на локалните избори во Центар, Андреј Жерновски, во денешното интервју за НОВА кое ќе биде емитувано вечерва, изјави дека ќе ја консултира стручната јавност, но дека ингеренциите на општина Центар дозволуваат отстранување на спомениците, но за тоа ќе одлучат граѓаните на референдум.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.