НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заем од 15 милиони евра за реализација на Проектот за унапредување на основното образование

0
By Marija Todorovska on September 1, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска даде поддршка да се обезбедат 15 милиони евра заем како дополнително финансирање со кое ќе се овозможи реализација на Проектот за унапредување на основното образование.

Предлог законот за задолжување на државава со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за унапредување на основното образование, беше усвоен со девет гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржан“.

Заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски соопшти дека заемот е со рок на отплата од 12 години, грејс период од три години и каматна стапка шестмесечен ЕУРИБОР со варијабилен распон. Ќе се отплаќа во 18 полугодишни рати, на 15 јуни и 15 декември секоја година со средства од Буџетот.

Проектот е почнат во април 2021 година, а ќе го спроведува единица која веќе функционира за таа намена во рамките на Министерството за образование и наука (МОН).

Министерството за финансии во соработка со МОН во декември лани достави до Светска банка барање за обезбедување дополнително финансирање во износ од 15 милиони евра како дополнително финансирање на Проектот за унапредување на основното образование, како и продолжување на крајниот рок за имплементација. Државава како заемопримач има обврска да ѝ плати на Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка еднократна провизија од 0.25 процети од износот на заемот, како и  провизија од 0,25 проценти од неповлечениот дел од заемот на годишно ниво.

Јанкуловски информираше дека се предлага крајниот рок за имплементација на проектот да биде 25 февруари 2027 година. Од вкупниот износ на заемот кој изнесува 21.500.000 евра, процентот на повлечени средства заклучно со јули годинава изнесува 94,27 проценти.

И покрај едногласната поддршка за законот, во текот на расправата пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ изнесоа спротивставени тврдења за заслугите за проектот, како и за конкретните резултати во изградба и реконструкција на училишта.

Пратеникот од СДСМ Фатмир Битиќи забележа дека за истиот закон за задолжување за градење на училишта сегашните пратеници од владејачката ВМРО-ДПМНЕ гласале против.

Убава работа е што добиваме признание дека нешто што е направено претходно било добро и одлучиле да продолжат со спроведувањето. Во 2021 година кога е предложен ваков закон за задолжување за да се направат училишта истите пратеници што ќе гласаат денеска „за“ гласаа „против“, рече Битиќи.

Праша зошто нема листа со училиштата што ќе се градат и побара да се дебатира и за проекти од новата финансиска рамка на Светска банка од 700 милиони евра.

Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, пак, образложувајќи зошто претходно биле против ова задолжување наведе „ставот тогаш беше јасен – бидејќи овие заеми се земаа да се крадат и тоа ќе се докаже од обвинителството“.

Стојановски посочи дека со средства од Владата ќе се финансираат училишта секаде во државата. Истакна дека никој ништо не крие и оти седум нови училишта се градат само во последните 12 месеци, а 400 училишта се реконструирани во изминатите четири.

И образованието има огромна компонента во локалната самоуправа. Граѓаните ќе кажат дали се задоволни или не за овие 14-15 месеци како се управува државата, рече Стојановски.

заем Основно образование собраниска комисија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ОН: Од почетокот на војната во Газа над 21.000 палестински деца се здобија со инвалидитет

September 3, 2025

Небезбедни копии на популарните кукли Labubu отстранети од продавници во Британија

September 3, 2025

Еден милион евра и 130 тони хуманитарна помош од ЕУ за Авганистан

September 3, 2025

Судот го одби барањето за поделба на Гугл, но го ограничи ексклузивитетот

September 3, 2025

ОН: САД го намалуваат финансирањето за мировните мисии, на цивилите им се заканува опасност

September 3, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.