Постои голема доза на оптимизам за решавање на проблемот со потеклото на Гоце Делчев од двете страни, вели премиерот Зоран Заев и додава дека револуционерот е мост помеѓу Северна Македонија и Бугарија за нивен меѓусебен добрососедски мир.
„Бугарскиот народ е позитивен кон македонскиот народ и обратно. Верувам дека Борисов сака да се најде решение, сака добро за земјите од Западен Балкан и за Северна Македонија. Ќе видиме како денеска ќе помина преговорите на Комисијата, веројатно потоа ќе соопштат за тоа како поминала средбата. Јас сум убеден дека ќе најдеме решение. Да не постоеше Гоце Делчев, ќе мораше да го измислиме за да биде мост меѓу Северна Македонија и Бугарија. Да покажеме малку дека сме Европејци“, рече Заев.