Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев на денешната прес-конференција за медиумите по онлајн состаноците со челниците на ЕУ изрази надеж дека дека подготвеноста на Северна Македонија ќе се формализира и со усвојување на рамката за преговори на почетокот на идниот месец, по што ќе следува и првата меѓувладина конференција до крајот на годината.
Првата меѓувладина онлајн конференција на Северна Македонија со ЕУ ќе биде позитивен сигнал и до целиот регион. Изразивме надеж дека оваа подготвеност на Северна Македонија, рече Заев, ќе се формализира и со усвојување на рамката на почетокот на идниот месец, по што ќе следува и првата меѓувладина конференција до крајот на годината,, истакна премиерот Зоран Заев.
ЕУ е силно определена ништо да не го попречи процесот на проширувањето, потенцираше тој.
-Заклучивме дека е вложено многу од двете страни, остварено е многу и сме подготвени да ја исполниме нашата ЕУ агенда. Нема да дозволиме причини за нови одлагања, затоа што членството во ЕУ е наша свечена обврска во име на иднината на државата и граѓаните. Нашата земја останува посветена на негување на добрососедските односи, со континуирана имплементација на Договорот од Преспа и на Договорот на пријателство и добрососедство со Бугарија, кои донесоа нова енергија и придонесоа за обновување на интензитетот за проширувањето на Европската унија со земјите од регионот- рече Заев.
Дали ќе се реши проблемот со новите бугарски барања со декларација, со анекс, со пропратно писмо или на некој друг начин тој не можеше да прецизира, но ја отфрли можноста од потпишување нов договор покрај постојниот, за кој рече е толку добар што подобар не може да се постигне.
-Ние имаме одличен договор. Тој беше основа и за Преспанскиот договор. Тоа беа храбри чекори од бугарска и од македонска страна. Не верувам дека постои подобар договор што може да се постигне меѓу македонската и бугарската страна. Постои начин да се реши тоа , дипломатијата познава начини,рече Заев.
Тој соопшто дека пред 11 октомври имал за последен пат разговор со неговиот „ голем пријател и брат“ Бојко Борисов со кој разговарале на многу теми.
-Секако рековме дека треба да ги охрабриме двете комисии да продолжат сор абота. Други разговори немавме, но ако треба ќе разговараме пак, да ја завршиме оваа работа, рече Заев.