Премиерот Зоран Заев и помошник државниот секретар за енергетика и ресурси на САД, Францис Р. Фанон по денешната средба најавија енергетско поврзување на Македонија и Грција за снабдување на гас на земјата, но и регионот. Со тоа, според нив, ќе се воспостави пазар меѓу земјите од регионот.
Вклучување на Македонија во изградбата на терминалот за течен гас во близина на Александрополис, како и поврзување на интерконекторот во Грција, преку кој ќе се добива природен гас од Азербејџан, најавија премиерот Зоран Заев и помошник државниот секретар за енергетика и ресурси на САД, Францис Р. Фанон по денешната средба во Владата.
Заев истакна дека регионалната соработка во енергетика е дел од приоритетите во стратегијата на Владата за енергетика и од таму произлегуваат конкретни мерки и проекти за прекугранично поврзување. Северна Македонија, според него, ќе забрза неколку проекти со помош на САД како резултат на неодамнешните посети на владините делегации Атина и Солун.