Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Глигоров беше жив споменик на епоха која ги поврза историските АСНОМ и 8-ми Септември 1991

0
By Нова ТВ on January 1, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со денешното одбележување на годишнината од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, влегуваме во годината во која ќе го одбележиме историскиот настан – 30 години од референдумот за независност и 30 години самостојна државност. За време на неговиот живот и за време на извршување на највисоката државничка функција, претседателот Киро Глигоров беше „историја што чекори“. Како жив споменик на цела епоха, тој поврза два историски настани за конечно дефинирање на македонска државност – АСНОМ 1944 и 8-ми Септември 1991 година.

Глигоров стави силен личен печат на спроведување на референдумот за независност, на донесувањето на новиот Устав на независната македонска држава, и беше во првите редови на битката за демократска преобразба и внатрешна консолидација на земјата и нејзина меѓународна афирмација. Со државнички способности, мудрост и дипломатски такт, учествуваше активно во најважните процеси на надворешната политика и успешно ги релаксираше меѓуетничките односи. Претседателот Глигоров е меѓу најзаслужните што Република Македонија беше единствена држава од поранешна СФРЈ која ја испрати ЈНА со потпишан договор, без ниеден испукан куршум и жртва.

Во исклучително тешка ситуација успеа Македонија да не биде оставена на ветрометината на тогашните закани и да стане членка на ООН, со што го отвори институционалниот пат нашата држава да ги остварува стратешките цели – членството во НАТО и отворениот процес за членство во ЕУ. Сеќавањето и почитта за неговото дело им останува на сегашната и на сите идни генерации. Вечна му слава!, напиша  Заев на ФБ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

81 година слободно Скопје

ВЕСТИ November 13, 2025

Скопје денеска одбележува 81 година од ослободувањето во Втората светска војна. Делегации од институции и…

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.