Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев-Груби: Креираме долгорочни мерки за социјално и економско зајакнување на ромската заедница

0
By Нова ТВ on April 7, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во пресрет на утрешниот Светски ден на Ромите 8-ми април и одбележувањето на јубилеј 50 години од првиот Ромски конгрес од 1971 година, денеска на претставниците на ромската заедница им честитаа и се обратија претседателот на Владата Зоран Заев, првиот заменик-претседател и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, и пратеничката Љатифа Шиковска.

Премиерот Заев истакна дека со денешниот настан се одбележуваат големи јубилеи и годишнини, запишани со златни букви во историјата на Ромскиот народ од целиот свет: 50 години од одржувањето на Светскиот конгрес на Ромите; 31 година од прогласувањето на 8 април за Светски ден на Ромите од страна на Обединетите Нации и 20 години од впишувањето на Ромите во Уставот на нашата земја.

„Тоа се низа значајни настани кои се карактеризираат со храброст, достоинство, доверба и сила во постигнувањето на целите од Стратешките определби за Ромите и светската заедница на народите, во кое посебно место има за остварувањето на овие цели во нашата земја. Ромите во нашата земја имаат потенцијал да го предводат прашањето на сопствената интеграција и да бидат пример за останатите во регионот”, рече премиерот Заев и додаде дека Владата продолжува со интегративни и афирмативни мерки во постигнувањето на Стратешките определби за Ромите, кои како што рече Заев се и државни цели.

„Имаме политичко преставување на Ромите во Владата, во мојот кабинет, во Парламентот, во институциите. Политичкото преставување на Ромите и пропорционалната застапеност треба да продолжи да се рефлектира и во останатите ешалони на централната и локалната власт”, истакна премиерот.

Осврнувајќи се на конкретни политики и мерки од непосреден интерес за ромската заедница, премиерот Заев рече дека се во тек активностите околу обезбедување на типски куќи во сопственост на општината, а наменети за социјално домување на 20 семејства во Кочани.

„На сите овие семејства ќе им се обезбеди тим од теренски социјални работници кои што заедно со лица од Агенцијата за вработување ќе работат на интегративни индивидуални планови за активација на пазар на труд, социјална заштита и образование”, рече премиерот Заев и додаде дека овој модел, во соработка со Делегацијата на ЕУ, ќе се реализира и во другите општини, како што се Виница, Велес, Шуто Оризари, Штип, Прилеп во населбата Тризла и во Битола во населбата Баир, за што се обезбедени 20 милиони денари во Министерството за транспорт и врски.

Премиерот истакна дека во тековната 2021 година, за имплементација на Стратегијата на Ромите и Стратешките планови од приоритетните ресори за директни, таргетирани и генерални политики се планирани околу 1 милион евра.

„Тоа е win-win ситуација и за нас како Влада. Ромите се нашиот потенцијал, како во работна сила која треба да се стимулира и да расте, така и во делот на отворање на бизниси, кој што за нас како држава значат и зголемен прилив на даноци. Во новиот оглас за полицајци Роми имавме и апликации од Ромската заедница, и сите кои што ги исполнуваа пропишаните услови се примени во новата генерација.

Со новиот Оперативен план за активни мерки за вработување имаме и таргетиран пристап за ромската заедница и во рамките на целиот опфат се планирани се 565 лица или 10% од вкупниот број на корисници во пет програми за активација на пазар на труд.

За прв пат оваа Влада креира долгорочна мерка за економско зајакнување на ромската заедница преку таканаречен Мечинг фонд за претприемништво за Роми. Креираме револвинг фонд од 2 милиони евра за кредит со поволна каматна стапка за ромските претприемачи за формализација на нивната дејност и унапредување на бизнисот”, објасни премиерот Заев.

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби истакна дека целите на првиот Ромски конгрес со кои Ромите ја утврдија химната и азбуката, и стекнаа право да бидат еднакви во општеството без дискриминација, не се само обврска, туку и конкретна заложба на Владата.

„Аспирациите за еднакви права и достоинствен живот се пред сѐ заложба за градење инклузивно општество во земјата. Без оглед на составот, програмите, различните идеологии, фокусот и интересот остануваат непроменети, дури и волјата и ентузијазмот остануваат во целосен и постојан капацитет и се посветени на исполнување на препораките, критериумите и обврските што произлегуваат од ратификуваните универзални декларации и договори за нашата стратешка определба за полноправно членство во Европската унија. Со Националната стратегија за Ромите за постојан развој во социјалната, економската и политичката сфера, особено во областа на заштита од дискриминација и расизам, вклучувајќи пристојно домување, образование и здравствени услуги, не само што ќе се решат проблемите во овие области, но значително ќе придонесеме за искоренување на сиромаштијата”, истакна Груби.

Пратеничката Љатифа Шикоска се осврна на успехот после децениски напори во донесувањето на Закон за неевидентирани лица матична книга на родените со што се решаваат проблемите на 680 граѓани Роми, и изрази благодарност за заложбите и одвојувањето на буџетски средства за имплементација на проекти од областа на образованието, инфраструктурата, домувањето, легализацијата на живеалиштата, вработувањето, еднаквата и правичната застапеност на Ромите, особено на жената Ромка, во сите сфери на општеството.

На настанот преку видео конференциска врска присуствуваа и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, министерката за образование и наука Мила Царовска, заменик-министерот за правда Агим Нухиу и вработени од Министерството за внатрешни работи и Министерството за транспорт и врски, заедно со претставници на граѓански организации и политички партии кои ја застапуваат ромската заедница во земјата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

ВЕСТИ September 27, 2025

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 –…

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.