Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Како да се живее слободата без страв

0
By Нова ТВ on January 14, 2014 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Сега е слобода и мнозина се прашуваат како да се живее слободата без страв? Од каде доаѓа, како се совладува стравот?“

Ниеден страв не е совладан со потчинување. Ниеден страв не е совладан така што недоветно ќе се гледа како пред очи ни ја крадат слободата – од онаа на мислењето и изразувањето, до медиумската, до која сакате. Туку така ли прашуваше поетот, оној што го уби пресилниот збор – ќе умее ли слободата да пее, како што робовите пееја за неа? Всушност, умее ли слободата да пее? Умее, како не умеела – ама некои нови песни, некои новокомпонирани провикнувања, за да проработат малку и нечии подзамрсени ушни тапанчиња.

Ербапи: ем чувари, втерувачи на страв, ем лева рака – десен џеп. И соништата ни ги украдоа, ги престорија во капитал – ене ги на берзата на изгубените илузии. На плоштадите нема каде да се разминеме – од нивните мермерни и бронзени соништа. Уште и се гордеат од она од што ние се срамиме.

Треба цврсто да се разграничи: сејачите на страв, се сејачи и на лажна моќ, на популизмот. Сеајачите на страв се вешти шиткачи на лажна заштита и сигурност. Во нивниот речник не постојат зборовите покајание, извинување, срам. Прават кошмари, па ѓоамити нé вадат од нив. За нив надежта е обична празнина. Арно ама, на човекољупците и правдољупците сепак им личи да се надеваат, како што и на будните луѓе им личи да сонуваат. Поинакви соништа сонуваат заспаните.

А да ве прашам нешто, вака, речиси незадолжително: сте виделе ли топка, обична пластична топка, како се тркала, му бега на детето на удолница? Сте виделе ли како изгледаат, на некоја слична, уште и историска удолница, сејачите на страв кога ќе го чујат она што од дедовци сме го чуле: „Мечка страв, мене не страв?“ Да не беше тоа знак дека не може да има перпетум мобиле на ништо од ништо? Дека потребата од слобода не е минлива и не е за да отстапи пред стравот – можеби привремено може и да се потисне, ама најнакрај бликнува многу посилно и не се обѕира на закопаните илузии на стравосејачите. – Сега е слобода и мнозина се прашуваат како да се живее слободата без страв? Од каде доаѓа, како се совладува стравот?“

*текст на лидерот на Социјалдемократскиот сојуз објавен на Фејсбук

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.