Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев на петгодишнината од УМТ: Почитувајќи ги разликите на секоја заедница, воспоставуваме разбирање, толеранција и заедништво

0
By НОВА ТВ on October 8, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Образованието на јазикот и писмото на секоја етничка заедница, како основи на националниот идентитет преку кои се чува и се афирмира духовното наследство, претставуваат и потенцијал за општествена интеграција, кохезија и развој на една заедница која не може да опстојува изолирана и самодоволна, истакна денеска премиерот Зоран Заев, на одбележувањето на петгодишнината од основањето на Универзитетот „Мајка Тереза“.

– Основањето на Универзитетот „Мајка Тереза“, произлегува и од нашата должност и одговорност да ги почитуваме, чуваме и негуваме етничките, националните, верските и културните разлики на секоја заедница, користејќи го потенцијалот за воспоставување комуникација, разбирање, толеранција и заедништво, нагласи Заев.

Честитајќи го јубилејот и изразувајќи задоволство што е дел од настанот, премиерот истакна дека Универзитетот „Мајка Тереза“, од своето основање до денес стана сериозен чинител во системот на високото образование во земјава.

– Одлуката за основање на Универзитетот и за создавање на уште еден кампус во главниот град на нашата земја на кој наставата ќе се одвива на албански јазик, според современи стандарди за високо образование, наука и истражување, ја прифативме како општествена инвестиција во интерес на младите генерации, рече Заев, додавајќи дека низ овие пет години остварувањето на мисијата на Универзитетот ги прошири своите димензии и денеска настава на одделни студиски програми се одвива и на македонски јазик.

Тој посочи дека Универзитетот „Мајка Тереза“, каде на пет факултети, од кои четири од технички-технолошки профил и еден за општествени науки, и каде се образуваат речиси 3.000 студенти, ја остварува својата мисија при формирањето да создава кадри од техничко-технолошките профили како предуслов за забрзување на економскиот развој и за зајакнување на социјалната кохезија на општеството.

Испраќајќи порака, дека студентите се лидери на иднината и дека обврска на сите е да им создаваме услови за исполнување на нивните соништа и амбиции, за стекнување солидно, европско образование за да живеат исто, дома, како и нивните врсници во Европа, премиерот Заев подвлече дека како одговорност пред Владата останува завршување на постапката за трајно просторно сместување на Универзитетскиот кампус во кругот на касарната „Илинден“, со што, како што подвлече, ќе се создадат услови за изградба на Универзитетскиот комплекс, што како проект е дел од Програмата на Владата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.