Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Не би требало да има измени во извршната власт

0
By НОВА ТВ on May 18, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Извршната власт е бирана од Парламентот и нејзините претставници заслужија да добијат шанса. Тие се околу 8,5 месеци министри, раководители и слично имајќи во предвид дека Владата е бирана лани на 1 септември не би требало да има измени.

Ова го порача премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев во одговор на  новинарско прашање, дали по конгресот на СДСМ треба да очекуваме промени во извршната власт.

-Задоволен сум од вчерашниот конгрес, коментирав јавно дека не се лесни овие кадровски решенија. Давањето шанса на секој да се вгради и заблагодарувањето на некој што и досега се вградил се сериозни процеси коишто оставаат трага за мотивација на следни генерации да се борат да добијат шанса и да дадат свој прилог во унапредување на севкупниот квалитет на живот на Р.С. Македонија. СДСМ е сериозен чинител, најголем политички субјект кој во моментов ја има честа и одговорноста да управува со извршната власт, заедно со коалициските  партнери. Верувам дека тоа ќе биде поттик на секој да се вгради политички и да помогне во процесите, потенцира Заев.

Додаде дека голем дел од највисокото раководство се носители и на високи функции, почнувајќи од заменик претседателката, генералниот секретар, потпретседателите на партијата, кои носат сериозни функции и еден дел од Извршниот  одбор, а останатите, посочи, можат дополнително да бидат посветени  на соодветни политики во координација со граѓаните, за да се изградат уште поуспешни политики во претстојниот период.

За обвинувањето од опозицијата дека потпретседателите се партиски послушници, Заев рече дека е нормално кога се членови на СДСМ.

-Опозицијата навистина е посебна кај нас, тие се потпретседатели на СДСМ. Нормално е дека се партиски, на СДСМ се потпретседатели, не се на некој друга партија. Ако мисли Христијан Мицкоски и тие да го слушаат  ВМРО-ДПМНЕ се лаже. Секако тие се во дослух со граѓаните, а потоа и со членството на СДСМ, коешто ги избрало и им предало чест, право и обврска во име на целото членство на СДСМ да градат соодветни политики за да бидат горди овие социјалдемократи со успесите што Владата ги носи, а согласно тоа да бидат горди сите наши граѓани, појасни Заев.

Тој заклучи дека имаат компилација на потпретседатели и на раководство за коешто, како што рече, јавноста исклучително позитивно коментираше од сознавањето на имињата до денеска.

-Тоа е многу значајно за да биде ветер во грб, но секако и чувство на одговорност и обврска сите да работиме и заедно да испорачаме резултати. Со овие потпретседатели и генерален секретар и заменик претседател ќе го победиме ВМРО-ДПМНЕ и на следните избори и уште на неколку изборни циклуси. Најповеќе заради нас, но и заради нив. Нека се менуваат, нека се подмладуваат, нека се возобновуваат за да може да имаме фер компентентен натпревар, па можеби некогаш и тие ќе победат  на некои следни избори, им порача Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

ВЕСТИ October 7, 2025

По убиството на судијата во Албанија, кого еден обвинет вчера го застрела во срце во…

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

October 7, 2025

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.