НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев од Прилеп: Прилеп ја задолжи историјата и ја постави иднината-на 17 да го избереме „Најдоброто“ да гласаме за Сугарески и советничката листа

0
By Mirjana on October 11, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
„Жртвите што ги даде Прилеп во борбата против фашизмот, никогаш не се забораваат и тие не се залудни, тие жртви ја донесоа слободата, независноста и еднаквоста кои 80 години ги живееме и ќе ги живееме и понатаму нашата генерација, генерациите пред нас но и генерациите по нас им должат многу на партизаните, за луѓето кои се кренаа против фашистичкиот окупатор и донесоа слобода по цена и на сопствените животи“, порача денеска од Прилеп претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
„Ако пред 80 години патриотизам беше да се земе пушка и да се води борба против окупаторот, денес патриотизам е да се креираат мерки и да се води борба против невработеноста. Ако пред 80 години визијата беше слобода, еднаквост и правда, денес визијата е во новите работни места, во повисоките плати, во поразвиените општини. Затоа што слободата, демократијата, правдата и еднаквоста се наше секојдневие, затоа денес нам ни е полесно да си ја градиме државата отколку на нашите предци кои имале далеку потешка задача“, посочи Заев.
Осврнувајќи се на понудата за претстојните избори претседателот Заев истакна дека по бројните сработени проекти, на Прилеп му треба континуитет на успесите, а гаранција за тоа е Горан Сугарески и советничката листа на СДСМ и Коалицијата.
„Сугарески како министер покажа како се работи чесно, одговорно и посветено. Со многу труд успеа да ги надмине последиците од криминалните договори на ВМРО-ДПМНЕ за автопатите, успеа да ги откочи проектите, да ги санира штетите и да ја забрза реализација. Целата држава ја претвори во огромно градилиште, се реконструираа и пробиваа бројни патни правци, автопати, експресни, магистрални и локални патишта.
Истото тоа ќе го преслика и овде во Прилеп, да немате дилема дека се што е во неговата програма ќе биде реализирано, а за тоа секако поддршка ќе има и од централната власт. Давам збор дека централната власт ќе го поддржи Прилеп како никогаш досега. Поддршка Сугарески ќе има и од советничката листа и затоа е важно СДСМ и Коалицијата да имаат мнозинство во Советот на општината.
Бројни капитални проекти се реализирани во овие четири години овде, за да му се оддолжиме на Прилеп. За првпат откако е изграден, го реконструиравме патот до Прилепското езеро, го реконструиравме и патот Прилеп – Тополчани – Битола, а се гради и експресниот пат Прилеп – Градско.
Само со „Најдоброто“ и Сугарески во следните четири години Прилеп ќе добие нов кружен тек, ќе добие три нови булеварски решенија, уредени влезови во градот и мултифункционален спортско рекреативен центар. Прилеп ќе го добие и најмодерниот театар затоа што тоа го заслужува. На 17 октомври ќе имате лесна задача. Да го изберете „Најдоброто“ и да гласате за број 12“, порача претседателот Заев.
Заев од прилеп марш по повод 11 Октомври
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

ВЕСТИ August 12, 2025

Украинските Вооружени сили го задржуваат непријателот на првата борбена линија – особено во правецот кон…

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Хелсинки: Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.