Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Отворам дебата за декриминализација на марихуаната

0
By Нова ТВ on October 8, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

При гостувањето во „Економски магазин“ на ТВ Алсат-М, премиерот Заев го отвори и прашањето на декриминализација на марихуаната, како една од темите за кои повика на дебата во јавноста.

„Никој не се запрашува колку ги користиме домашните ресурси, што се нашите ресурси, дали се максимално искористени“- констатира Заев.

„Владата отвори дебата и со Коморите, отвори и на седница на Влада, разговаравме за ставање на сѐ во погон, треба сѐ да искористиме. Ние сме земја која помина низ транзиција, претпоставката е дека има најмалку милијарда и петстотини евра коишто се надвор од тековите. Ќе ги пуштиме во погон или нема да ги пуштиме? Земјоделското земјиште сѐ уште е државно. Легализиравме земјоделското земјиште да може да го земат оранжериите, да го видиме другото. Ако станат сопственици граѓаните, компаниите, тие ќе можат да повлечат повеќе кредити за својот организационен тим“ – додаде Зев.

Заев кажа дека отвара дебата покрај државното земјиште и за легализација на парите кои не се во тековите во државата, за што рече дека сака да го слушне општеството како размислува на овие теми, бидејќи како штоп кажа, сега е време за храбри чекори.

„Дебата отворам за државното земјиште! Дебата отворам за легализирање на парите коишто се надвор од тековите, освен оние коишто се криминални и за коишто има процеси! Отворам дебата! Сите странски коли во државата, сите се надвор од текот, не плаќаат регистрација. Го имаме и угостителството. Зошто кај нас е толку мало учеството на угостителството во бруто домашниот производ, а во европските земји учествуваат многу повеќе?“ – беа „ракавиците“ кои Заев ги фрли во текот на емисијата. „Да ја отвориме дебатата и ќе видиме!“ – повика тој.

Дали ќе правиме нешто со декриминализација на марихуаната? Ги нафрлам како теми. Ние немаме став, ние сакаме да го слушнеме општеството, да ги пуштиме во оптек сите наши ресурси, затоа што реков неповторлив е периодов, Европа е тука , еве определени се милијарди за регионот, сѐ вредеше ова целото, создадовме одлични околности” – заклучи Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.