Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев-Ципрас: Отвораме нова ера на Балканот

0
By Соња Петрушевска on April 2, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Историска пресвртница која ќе отвори нова ера на Балканот и во билатералните односи, рече македонскиот премиер Заев на заедничката прес конференција со грчкиот премиер Ципрас, кој е првиот грчки премиер во официјална посета на земјава.

-Од 17-ти јуни, кога беше потпишан Договорот, ние постојано ја пишуваме историјата во многу околности. Грција беше првата земја што го потпиша протоколот за членство во НАТО, а сега го очекуваме и почетокот на пристапните преговори со ЕУ. Овој состанок е историска пресвртница,  минатото го оставаме назад  во билатералните односи и се обидуваме да го надоместиме изгубеното време, започнуваме пат кон иднината. Покажавме дека со желба за единство сè е можно, рече Заев.

Заев се осврна на Преспанскиот договор, велејќи дека тоа е „историски чекор кон нормализирање на нашите односи. И на двете земји им дава можност целосно да ги искористат трговските односи. Ќе  соработуваат на ниво на одбраната, потпишавме меморандуми за соработка во областа на транспортот и за заеднички проекти во енергетиката, земјоделството, дигитализација. Договори кои ќе го подобрат квалитетот на животот на граѓаните“.

Заев ги повика граѓаните да градат пријателски однос со Грција.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас напомена дека „ова е состанок од особена важност за двете земји, важен ден за Балканот, затоа што овде се обидуваме да изградиме различен наратив“.

-Се обидуваме да се изгради различен наратив за Балканот, различна приказна од историјата на конфронтација, конфликти, насилство и војна, се обидуваме да изградиме наратив на соработка, меѓусебно разбирање.

Изгубивме долго време и мора да трчаме напред. Изгубивме три децении и мораме да ја пополниме јазот. Она што изгледаше невозможно, денес е реалност, рече Ципрас.

Заев и Ципрас се договориле канцелариите за врски да прераснат во амбасади, а бил потпишан и Меморандум за кооординација и соработка во различни области. За оние кои се противници на Договорот, Ципрас и Заев рекоа дека Договорот е во интерес на двете земји.

-Имаме луѓе во грчката Македонија кои велат дека не сакаат да го подржат овој Договор и нашите противници го велат тоа, но истите тие луѓе имаа претприемачки активност во оваа земја. Ние сакаме да ги увериме сите дека мислиме добро.

Спомениците кои се однесуваат на античка Македонија и нивното  специфично обележување ќе расчисти дека тие се дел од грчкото минато и култура што е всушност светска култура. Овие споменици од грчката цивилизација припаѓаат  на светот, нас ке ни биде драго кога ќе ги ставите имињата и ќе се расчисти дека се споменици од грчката историја. Ние сакаме да се зголеми бројот на Грци кои ке ја посетуваат Северна Македонија, дека многу повеќе Грци ќе доаѓаат во Скопје, Струмица, рече Ципрас.

-Негодувањето од опозицијата е само од политички побуди. Ние имаме ратификуван протокол од 9 земји, членки на НАТО и уврен сум дека кога сите граѓани ке ги видат придобивките од економската трговија која од потпишувањето на Договорот е зголемена за  20,7 процени и сме блиску до 1 милијада долари трговска размена, кога ќе ги видат новите гранични премини, кога ќе го видат искреното пријателство веруваме дека ќе се разубедат, рече Заев.

За трговските марки ќе се формира комисија како што е планирано со Договорот.

Ципрас е придружуван од 100 бизнисмени кои заедно со македонските денеска ќе одржат бизнис форум. Грчкиот премиер кажа дека е договорено да се избегне двојното оданочување.

Денеска беа потпишани договори во одбраната, военото разузнавање, воздухопловството со кој грчката авијација ќе врши надѕор врз макеоднското небо кога ќе станеме членка на НАТО за да се гарантира безбедноста на летовите.

Потпишани се и договори од инфраструктурата за унапредување на патиштата меѓу двете земји, особено во железничкиот сообраќај, со што врската преку поврзување бна Тесалоники и Белград преку Скопје, ќе го поврзе пристаништето во Пиреја со пазарите во Европа. Останатите договори се однесуваат на енергетскиот сектор, здравството, дигиталните технологии, е- влада и други.

-Јасно е дека градиме стартешка соработка на повеќе нивоа, од кои најзначајна е еконоската, а за таквите односи да продолжат ние мора да гарантираме дека ќе имаме здрави темели. Тоа вклучува взаемна почит и взаемна визија за мир, стабилност и соработка. Нашата посета и нашиот состанок е историски чекор напред за Балканот и за Европа, да најдеме решение да гледме напред кон иднината и да ги премостиме јазовите и да градиме мостови наместо ѕидови, рече Ципрас.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

ВЕСТИ September 16, 2025

Првото обвинение се оценува веќе четири месеци во скопскиот Кривичен суд, со образложение дека станува…

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.